Со ваков ѕвер навивачите на Реал треба да се мирни

Мечот меѓу Шпанија и Германија за Кралевите донесе непријатни вести, а тоа е дека нивниот главен играч го повредил коленото поради што ќе отсуствува три недели. Но Серхио Рамос е машина и три дена по ред објавува видеа од тоа како се спрема за кам бек, кој очигледно според ова што го прави ќе биде многу порано.

Што градба и цврстина ќе имаше овој човек, од место не можеш да го поместиш. Ништо не се 34 години за него. Со таа форма и овие методи на работа, до 40 ќе им вади душа на шпицовите.

24 ноември 2020 - 16:37