ЕП 2016 Франција

Што сè треба да се случи за Албанија да оди понатаму?

По историскиот прв пласман на едно Европско првенство, албанските репрезентативци ја остварија и првата победа, против Романија 1:0. Шансите да одат во следната рунда како најдобра трета селекција се теоретски, но сепак постојат. Еве што треба да им се оствари иако е малку остварливо.

Група А

Албанија заврши трета, со три бода и гол разлика -2. Тоа не ги става Албанците во добра позиција, но се уште имаат какви такви шанси да одат понатаму како најдобро пласирана трета селекција.

Група Б

За Албанија да биде подобро пласирана трета селекција во однос на оваа група, Англија или Русија треба да ги победат Словачка и Велс со два или повеќе голови разлика. Ако Русија го победи Велс а Англија ремизира или загуби, Словачка е подобро пласирана селекција од Албанија поради подобрата гол разлика.

Група Ц

Овде се уште помали шансите за Албанија. Во нивна полза би одел расплетот: Германија да ја победи Северна Ирска со 3 или повеќе голови, затоа што Северно Ирците имаат три бода со гол разлика +1 после победата над Украина.

Група Д

Чесите имаат гол разлика -1, Турција мора да ги победи нив со два или повеќе голови разлика, но не со четири голови за Албанија да има подобар учинок од евенуталиот трет од оваа група.

Група Е

И Ирска и Шведска би требало да ремизираат или да загубат за Албанија да има подобра трета позиција од нив.

Група Ф

Овде третото место може да го освојат Португалија, Австрија или Унгарија.

19 јуни 2016 - 23:33