Што сè ќе има од фудбал во септември?

Ковидот внесе конфузија во фудбалската шема и сега се испреплетија и закаснија многу натпреварувања. Не се знае што се доигрува од прошла, а што стартува во новата сезона. Ред е да разјасниме, ама и да му се радуваме на месецов. Ќе биде многу богато. 

Септември месец секоја година ни носи радости бидејќи освен што веќе се почнати најсилните европски лиги, стартуваат и натпреварите од групната фаза во ЛШ. Плус тука се секогаш и квалификациските циклуси во кои ја бодриме Македонија на Градски.

Годинава е поинаква и наместо клубовите да играат нова првенствена сезона, тие сега се борат за влез во ЛШ и ЛЕ, а паралелно со тие квалификации кои обично стартуваат во јули, ете ти ја и Лига на нации со нова сезона, а уште не е довршена старата.

И да, Французите почнаа и веќе одиграа две кола, а месецов на сцена се враќа и Премиер лига, Бундес, Серија А и Ла Лига. Ќе има многу фудбал, а доколку Шкендија го помине второто коло може да го донесе Мурињо во Скопје.

ЛИГА НА НАЦИИ (3 – 8 септември)

5-ти: Македонија – Ерменија
8-ми: Грузија – Македонија

Плус три дербија:

3-ти: Германија – Шпанија
7/8-ми: Холандија – Италија и Франција – Хрватска

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Трето коло: 15/16-ти (еден натпревар):

Ференцварош – Динамо Загреб
Карабах – Молде
Омонија- Црвена Звезда
Митјиланд – Јанг Бојс
Макави Тел Авив – Динамо Брест
ПАОК – Бенфика
Динамо Киев – Аз Алкмар
Гент – Рапид Виена

Плејоф: 22/23-ти прво коло, 29/30-ти реванш

Првото коло од групна фаза е закажано за 20/21 октомври

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛИГА ЕВРОПА

Второ коло 17-ти (еден натпревар):

Силекс – Дрита (Косово) vs Легија Варшава
Ботошани (Романија) – Шкендија vs Тотенхем - Локомотив Пловдив
Ренова – Хајдук Сплит vs Галатасарај - Нефчи

Трето коло се игра на 24-ти, а плејофот на 1 октомври.

СТАРТ НА НАЈСИЛНИТЕ ПРВЕНСТВА

11-ти: Премиер лига со гостување на Алиоски кај шампионот Ливерпул
12-ти: Ла Лига со гостување на Барди против Валенсија
18-ти: Бундеслига со Баерн Минхен – Шалке
19-ти: Серија А (ждрепка на 2 септември)

СУПЕР КУП НА ЕВРОПА

24-ти: Баерн Минхен – Севиља

Полуфиналето од Лига на нации 2019/2020 против Косово кое беше закажано за март, а потоа одложено, македонската фудбалска репрезентација ќе го игра на 8 октомври во Скопје.

1 септември 2020 - 15:07