Таг: квалификации за ле

Што сè ќе има од фудбал во септември?

Ковидот внесе конфузија во фудбалската шема и сега се испреплетија и закаснија многу натпреварувања. Не се знае што се доигрува од прошла, а што стартува во новата сезона. Ред е да разјасниме, ама и да му се радуваме на месецов. Ќе биде многу богато. 

Сплитски Хајдук доаѓа во Скопје на мегдан за Лига Европа

Македонските претставници во квалификациите за Лига Европа, денеска напладне ги добија своите ривали – Силекс против Дрита, Ренова ќе игра против Хајдук Сплит, а Шкендија против романски клуб за кој играат двајца Македонци.

Што треба да знаеме за новото, трето натпреварување на УЕФА

Од сезоната 2021/22, УЕФА сериозно ќе ја смени структурата на еврокуповите. Овие промени нема да ја тангираат Лига на шампиони, но затоа групната фаза на Лига Европа ќе се скрати на 16 клуба и ќе се појави трет еврокуп.

Срам не изеде само што го видовме ова

Торино го попари Шахтјор Солигорск 5:0 во квалификациите за ЛЕ, а еден од Белорусиве се струполи на земја од мака, кога виде каков кикс направи пред гол.

Навивачите на Хајдук збеснаа поради срамната елиминација

На Пољуд синоќа имаше трето полувреме после бламажата на Хајдук од анонимусите од Малта во кое учествуваа навивачите и полицијата. Има и двајца повредени.

800.000 евра загарантирани за Шкендија и 500.000 за Вардар

За УЕФА нема зима. Фондот за ЛШ и ЛЕ изгледа како секоја година да им расте. Следната сезона ќе поделат дури 900 милиони евра повеќе од лани. Ќе тријат раце и четири македонски екипи, кои како и да изиграат летово ќе искешираат добра пара како за нив.

Колку чинеа карти за Вардар во Европа низ годините

Бурата која се крена околу првичната цена од 3.000 денари за Вардар - Фенербахче а која денес ја корегираа на 300 денари, ги натера колекционерите на влезници да протарачкаат по својот архив и да видат колку давале низ годините.

Најсмешниот твит пред Работнички - Динамо Минск

Работнички вечерва од 18 игра во 2. коло од квалификациите за Лига Европа против белорускиот Динамо Минск. Гостите од Белорусија отседнале во хотел „Русија“ каде ги пречекала интересна агенда но наместо нивно име, стоело име на нивниот ривал од белоруската лига.

Кој е клубот кој му нанесе тешка бламажа на Глазгов Ренџерс

Кога знаеш дека си најтрофеен шкотски клуб со 54 титули, 33 Купови и 27 Лига Купови, а те елиминирал некој со постигнат еден гол на меѓународна сцена во историјата, треба да се појавиш пред јавноста со црвенило на образите кое не се брише.

Од Казахстан до Исланд - 198 екипи во трка за Евро купови

Вечерва почнува долгиот пат до групната фаза на најголеммите европски натпреварувања: има 10 места за ЛШ и 22 за ЛЕ а за нив ќе се борат 198 тима.

Кои се можни противници на македонските клубови во Европа

Граѓаните на Македонија ќе имаат фудбалско лето: Освен У21 хероите и нашите сениори против Шпанија, пред мега дуелот од Супер Купот на Европа во земјава ќе се игра и европски квалификациски фудбал. Тешка задача ги чека Вардар, Шкендија, Работнички и Пелистер.

Сезона на капење или евроодисеја за македонските клубови?

Вардар, Шкендија, Работнички и Силекс се клубовите кои ќе ја претставуваат Македонија во Европа, а своите противници ќе ги добијат на 20-ти јуни. Привилегирани на ждрепката се само Романтичарите.

Рубин Казан е противникот на Работнички во плејофот

Рускиот претставник кој пред неколку години ја совлада Барселона во групната фаза од Лигата на шампионите е последната пречка за Романтичарите кои ќе се борат за историски пласман во групната фаза од ЛЕ.

Работнички херојски по 120 минути го урна Трабзонспор среде Турција

Европското лето за фудбалерите на Работнички не заврши ниту по двомечот со Трабзонспор кој важеше за фаворит. Романтичарите со гол во 112 минута ремизираа на 1:1, го елиминираа 100 милионскиот турски тим во третото квалификациско коло и се изборија за плеј оф во Лигата на Европа.

Нема дрон има камен, прекинат меч во Тирана

Мечот меѓу Кукуши Тирана и Легија Варшава е прекинат во 51. минута откако гостинскиот фудбалер Андреј Дуда бил погоден со камен во глава.

Ангеловски: Победивме тим кој вреди 105 милиони евра

Како реплика на гостинскиот тренер Шота Арвеладзе, кој самоуверено изјави дека ќе победат во реваншот, Ангеловски во свој стил изјави нека победат 2:1.

Работнички е чувар на честа, Трабзон падна во Скопје

Со голот на капитенот Баже Илијоски, фудбалерите на Работнички апсолутно заслужено го совладаа големиот ривал од Турција со 1:0.

Гигантите кои Работнички ги донесе во Скопје

Учеството во групната фаза во ЛШ или ЛЕ за сега сè уште е само сон за македонските екипи на меѓународна сцена. Меѓу нив најупорен за сега е Работнички кој поради неговите долги европски фудбалски лета на Филип Втори ги гледавме Ањелка, Диуф, Аквилани, Шкртел, Хернанес, Роки...

Шкендија ќе патува во Шкотска, а Работнички во Естонија

По ждребот за ЛШ, во Нион беа извлечени и двојките за квалификациите во Лига Европа каде Македонија има три претставници.

Што ќе гледаме од фудбал летово?

Иако завршија речиси сите фудбалски првенства ширум светот, во тековниот месец нè очекуваат настани кои би можеле да нè задржат уште некое време пред телевизија.