Нема дрон има камен, прекинат меч во Тирана

Мечот меѓу Кукуши Тирана и Легија Варшава е прекинат во 51. минута откако гостинскиот фудбалер Андреј Дуда бил погоден со камен во глава.

Во четвртокот се одиграа голем број средби во квалификациите за Лига Европа, но една имаше неславен крај. Дуелот меѓу албанскиот Кукуши и Легија Варшава се прекина во 51. минута при водство на гостите од 1-2.

Причина е каменот со кој бил погоден гостинскиот фудбалер Андреј Дуда, кој бил изнесен од теренот по што судијата решил натпреварот да не продолжи. Полјаците поведоа 0-1 во првиот дел, но Кукуши израмни во 49. минута. Две минути подоцна, Резничак ѝ донесе ново водство на Легија, но при прославата на голот, Дуда бил погоден со камен во глава.

Нереди меѓу навивачите на двата тима имало и пред мечот а за време на средбата, домашните извадија парола на која пишуваше: „Крајот на овој меч ќе значи и крај на вашиот живот. Не сум Словен, јас сум Албанец“.

Инцидентот е најава за остра казна од УЕФА која има нулта толеранција за проблемите на средбите во нивна организација. Инаку навивачите на Кукуши и во претходното коло од квалификациите за ЛЕ правеле нереди на гостувањето во Подгорица против Младост, каде скандирале ''УЧК''. Според неофицијални извори, можно е реванш да нема и Легија да обезбеди пласман понатаму по службен пат.

Моментот кога Полјакот е погоден со камен во глава: