Рубин Казан е противникот на Работнички во плејофот

Рускиот претставник кој пред неколку години ја совлада Барселона во групната фаза од Лигата на шампионите е последната пречка за Романтичарите кои ќе се борат за историски пласман во групната фаза од ЛЕ.

По извлекувањето на ждрепката за Лига на шампиони, еден час потоа беа извлечени и паровите за второто по ранг клупско европско натпреварување. Работнички го избегна засилениот Фенербахче кои ги купи Нани и Ван Перси и Бордо, но го доби поранешниот руски првак Рубин Казан.

Останатите можни противници беа Бордо, Лех од Полска, Салцбург и најпосакуваниот противник Слован Либерец од Чешка кој има буџет околу 10 милиони евра. 

Плејоф двојки за ЛЕ:

Алтах - Белененсес
Јаблонец - Ајакс
Жилина - Атлетик Билбао
Милсами - Сент Етјен
Стеауа - Розенборг
Јанг Бојс - Карабах
Молде - Стандард
Зориа - Легија
Виторија Плзен - Војводина
ПАОК - Брондби
Бордо - Каират
Панатинаикос - Кабала
Лех - Видеотон
Саутемптон - Митјиланд
Динамо Минск - Салцбург
Астра - Аз Алкмар
Работнички - Рубин Казан
Од - Борусија Дортмунд
Атромитос - Фенербахче
Тун - Спарта Прага
Краснодар - ХЈК
Либерец - Хајдук 

Првиот натпревар Работнички го игра во Скопје на 20 август, а реваншот во Русија е една недела подоцна.

7 август 2015 - 13:16