Што мисли Марадона за Барези

Иконата на Милан (20 сезони, 17 трофеи, 719 настапи) вчера наполни 58 години. Како играл во одбрана еден од најдобрите дефанзивци во историјата, ќе ви каже еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Диего секогаш кога ќе постигнеш гол облекуваш нов дрес?

„Овој дрес е од еден голем играч. Мислам дека Франко Барези е најдобриот играч од одбрана. Ова е спомен кој ќе го носам цел живот“, рече Диего Армандо Марадона

Тоа се тие историски и епски сцени и изјави кои недостасуваат во модерниов фудбал.

Што мислите би направил ли некој ваков сличен гест Меси за Рамос или Роналдо за Пике?

Нема појако кога една легенда величи друга легенда, затоа со душа споделуваме вакви и вакви моменти од спортот.

9 мај 2018 - 14:54