Што ако сум играл во Премиер лига, јас ќе чистам снег

Јунакот на неделата во англискиот фудбал е Стивен Тејлор. Тој има 13 годишен стаж со Њукасл во Премиер лигата, но е дечко без комплекси. Спаси натпревар во трета лига со лопата.

Да не беше Стив Тејлор натпреварот меѓу неговиот Питерборо и Валсал немаше да заврши и ќе требаше да се преигрува во некои понормални временски услови.

Судијата го прекина мечот при крајот затоа што на теренот имаше многу снег и линиите не се познаваа, но англискиот дефанзивец се фати за работи и благодарение на него Питерборо си го задржа водството од 2:1 и го доби мечот.

Публиката скандираше: Ние го имаме Стив Тејлор.

Со зум

Како изгледаше теренот:

28 февруари 2018 - 10:00