таг: снег

Не бе, ти имаш снег за чистење

Норвешка, мај 2017. Повеќе

Како тоа мислиш не стој крај шини кога воз минува низ снег?

Уште од првиот кадар јасен е исходот од видеово, на сите освен на овие на перонот. Повеќе

Како да исчистиш автопат од 20 метри висок снег

Разговорот е со локални возачи на камиони за чистење снег од крајбрежниот јапонски град Тојама, кој со просек од околу 4 метри снег годишно за јапонски услови и не е нешто страшно снежен град. (Рекордер им е бањското одморалиште Сукају Онсен со просек на врнежи од 17,6 метри снег годишно.) Повеќе

Најдобриот гол на снег на сите времиња

Наградата Ференц Пушкаш се дели веќе осум години и сите осум наградени ја заслужија бидејќи направија мајстори потези со топка. Но, секогаш постои едно „но“. Гледајте, учете, а ако сакате излете надвор и пробајте додека не запролети. Симпли д бест и идејата и реализацијата на Италијанциве. Повеќе

Ибра правеше стомачни во снег

Златан Ибрахимовиќ на својствен начин за него сними ново видео со кое ги поздрави навивачите. Повеќе

Снег во Сахара
И ти ли брате Монтреал

Првиот снег секогаш е посебен сеир кога ќе зафати делови од планетава што снег имаат видено само на Зимска Олимпијада, ама не и за луѓе што редовно се потрупани со снег, како жители на Монтреал. Во нивна одбрана ова се случува на удолница. Повеќе

Чкембари со топки снег ги гаѓаа судиите

На „вечното“ македонско дерби меѓу Пелистер и Вардар во Битола попладнево славеа Скопјани со 0-1 и ја прекинаа победничката серија на Битолчани. Дербито помина со икс прекини затоа што домашните навивачи го искористија снегот на трибините за да прават топки и да ги гаѓаат судиите и противничките фудбалери. Во еден момент го погодиле линискиот судија Дејан Костадинов кој се пожалил на повреда. Повеќе

Селфи, следно ниво

Дечкото што го има смислено ова, Николас Вугние, концептот го нарекува - центрифон. Концептот во основа е Ајфон врзан со рибарски конец, кој го ракуваш како да е кладиво. Повеќе