Таг: снег

Аљаска е многу напред со решавање на снегот по улици

Можеш да го чистиш снегот колку да пројдеш некоја улица и можеш да го чистиш како стварно да сакаш да им помогнеш на луѓето кои живеат таму.

Зошто кога паѓа снег е тивко?

Зимската идила со натрупан снег и со по некое диво животно во далечината е чест мотив во сликарството, книжевноста, филмовите и гоблените. Но дури и сред град, кога ќе падне снег е некако мирно. Само ни се чини или навистина сè се стишува?

Неолимписка зимска дисциплина: чистење натрупан снег од кров

Не е сè во скапа технологија, често пати и рачен алат знае да заврши работа (ако си видел доволно мака пред тоа). Има неколку различни школи, зависи на кого што му успеало.

110.000 кондоми за атлетите - почнуваат Зимските Олимпски Игри

Денеска свечено ќе бидат отворени ЗОИ 2018 во Пјонгчанг, Јужна Кореа. Рекордни 2.925 спортисти од 92 земји ќе се борат за медалите на рекордно ниски температури од -20 степени.

Јапонците се богови на снегот

Токио во понеделникот ги имаше најголемите наноси на снег во изминатите неколку години, со заглавување улици, прекинување железнички сообраќај и откажување летови. Еден ден подоцна сето ова беше средено, а Токио ги имаше некои од најдобрите снежни скулптури што некогаш биле направени.

Конкурент за „најканадско видео на интернет“

Група Канаѓани сред пустелија ослободуваат лос до врат заглавен во снег.

Малака, врне снег па растура

Ламиа е град во централна Грција со околу 75.000 жители и се наоѓа на 213 километри од Атина. Таму во Купот гостуваше Панатинаикос а условите за игра беа како да ви кажеме. На крајот ПАО изгуби со 4-1 а грчките медиуми пренесуваат дека клубот е на работ од банкрот и пред финансиска пропаст.

Како тоа мислиш не стој крај шини кога воз минува низ снег?

Уште од првиот кадар јасен е исходот од видеово, на сите освен на овие на перонот.

Како да исчистиш автопат од 20 метри висок снег

Разговорот е со локални возачи на камиони за чистење снег од крајбрежниот јапонски град Тојама, кој со просек од околу 4 метри снег годишно за јапонски услови и не е нешто страшно снежен град. (Рекордер им е бањското одморалиште Сукају Онсен со просек на врнежи од 17,6 метри снег годишно.)

Најдобриот гол на снег на сите времиња

Наградата Ференц Пушкаш се дели веќе осум години и сите осум наградени ја заслужија бидејќи направија мајстори потези со топка. Но, секогаш постои едно „но“. Гледајте, учете, а ако сакате излете надвор и пробајте додека не запролети. Симпли д бест и идејата и реализацијата на Италијанциве.

Ибра правеше стомачни во снег

Златан Ибрахимовиќ на својствен начин за него сними ново видео со кое ги поздрави навивачите.

И ти ли брате Монтреал

Првиот снег секогаш е посебен сеир кога ќе зафати делови од планетава што снег имаат видено само на Зимска Олимпијада, ама не и за луѓе што редовно се потрупани со снег, како жители на Монтреал. Во нивна одбрана ова се случува на удолница.

Чкембари со топки снег ги гаѓаа судиите

На „вечното“ македонско дерби меѓу Пелистер и Вардар во Битола попладнево славеа Скопјани со 0-1 и ја прекинаа победничката серија на Битолчани. Дербито помина со икс прекини затоа што домашните навивачи го искористија снегот на трибините за да прават топки и да ги гаѓаат судиите и противничките фудбалери. Во еден момент го погодиле линискиот судија Дејан Костадинов кој се пожалил на повреда.

Селфи, следно ниво

Дечкото што го има смислено ова, Николас Вугние, концептот го нарекува - центрифон. Концептот во основа е Ајфон врзан со рибарски конец, кој го ракуваш како да е кладиво.

Сандала, свинска глава и граната на терен

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед може ќе се помачат да ги извадат флеките од црвено вино, но замислете да бркаа кокошка или да им паднеше веспа над глава.

Снег

Утро е, среде лето, а паднал снег, тежок и мокар. Плачат вџашените градини. Го бележам тоа и молчам, свикнав на секакви чуда.

Извештај од Камчатка

Тоа што нас нè фати вечна есен, не значи дека во остатокот од светот работите не врват регуларно. На пример во Петропавловск-Камчатски (град на Камчатка) регуларен живот во ноември значи дека пред легнување трeба да запишеш ГПС координати за тоа каде си го паркирал автомобилиот.

Русите ќе чуваат снег од оваа година за Сочи 2014

Организаторите на Олимписките игри кои ќе се одржат во рускиот град Сочи имаат силни спонзори, а на игрите ќе настапат сите врвни натпреварувачи од зимските спортови со што се исполнети сите предуслови за успешни ЗОИ. Но има само еден мал проблем. На Сочи му фали снег.

Москва во најснежната зима во последните 100 години

Кај нас времето е ненормално во смисла што се однесува како за некој ден да ќе биде 2-ри мај, во Русија времето е ненормално во смисла што во Москва до сега има паднато 2 метра снег.

Уметност во снег и мраз

Зимово се изначекавме на прилика да пишуваме на оваа тема, но денес условите изгледаат идеални. Компилација на дела кои сведочат за ефемерноста на уметноста, и на животот. Денес го има - утре го нема, ама важно било убаво.

Снег што може да ја изненади Русија

Само во петокот во Москва паднаа 25 сантиметри снег, и тоа откако цела недела претходно градот секој ден беше потрупуван со снег.