Русите ќе чуваат снег од оваа година за Сочи 2014

Организаторите на Олимписките игри кои ќе се одржат во рускиот град Сочи имаат силни спонзори, а на игрите ќе настапат сите врвни натпреварувачи од зимските спортови со што се исполнети сите предуслови за успешни ЗОИ. Но има само еден мал проблем. На Сочи му фали снег.

Русите ќе се обидат да оладат и на тој начин да зачуваат 450.000 кубни метри снег кои ќе им бидат потребни за следната година.

Со зачувувањето на снег од сезоната 2012/2013 ќе се избегне ризикот да снема снег следната сезона. 450.000 кубни метри стар снег ќе ни гарантира дека ќе ги покриеме падините дури и во најлоши временски услови", изјавија организаторите.

Снегот ќе се чува во 7 специјални резервари, а најголемиот од нив има капацитет од 100.000 кубмни метри. Организаторите пресметале дека оваа операција ќе ги чини 8 милиони долари.

Ски комплексот „Роза Хутор" во Сочи треба да биде домаќин на 20 натпревари од различни спортови, но оваа зима заради недостиг на снег беа откажани многу тест натпревари.

26 март 2013 - 14:54