Шпанците направија драма во студио зашто Модриќ му го побарал дресот на Мбапе

Ако човек не разбира шпански, а на видеото нема превод на англиски, некој ќе помисли дека Модриќ го избодел Мбапе со нож. Па само музиката да ја чуете во позадина, смак света. Инаку случајот во шпанска серија го претвора водителов со мала помош на Гути, кој во еден момент се додава дека тој дрес треба да го запалат.

Тезата на водителот е како можел Модриќ како лидер на Реал и Златна топка, да му бара дрес на играч кој го одбил Реал и ги исмејувал навивачите. Непотребна патетична дебата на која водителот има поддршка само од Гути.

Модриќ: „Ова што ни го направија е нехумано и ненормално“

14 јуни 2022 - 15:21