Таг: килијан мбапе

Давајте го дриблингот на Мбапе од што повеќе агли, ова е лудо

ПСЖ го декласираше Лорент на гости со 1:4 и на 4 кола до крај има +11 пред Монако, што значи уште не им е официјализирана титулата. Двојни стрелци Дембеле и Мбапе. Ако некој ве праша што значи тоа „Му го зема паметот“, пуштете му го клипов.

Добро, има ли лек за овие велемајсторски голови на Мбапе?

24 гола на 24 лигашки натпревари, 38 гола на 37 меча во сите натпреварувања сезонава, 250 гола на 297 натпревари откако е дојден во Париз. Монпеље - ПСЖ конечни 2:6, со хет-трик на веројатно најјакиот напаѓач во моментов. Барем еден мора да има од тоа неговите специјалитети.

Грд старт врз Мбапе, го гледаш и мислиш 2 години нема да заигра

ПСЖ синоќа го совлада Брест во Купот на Франција со 3:1 во натпревар на кој Мбапе веројатно се соочи со најголемиот страв за својата кариера, барем така изгледа на видеово. Му влезе Лилијан Брасиер во 69-та минута, директно на зглоб, но Мбапе, кој беше еден од стрелците, за чудо го одигра мечот до крај.

Килијан не се презивал Мбапе, а ниту Ембапе, сам ќе ви објасни

Француската мега ѕвезда, која на само 19 години стана светски првак, им направи проблем на сите новинари кои ќе сакаат да бидат прецизни во теркот, „Се пишува, како што се изговара во родната земја“.

Нетфликс уловил глупост на Мартинез пред Мбапе да шутира пенал на финалето во Катар

На 30 декември, Нетфликс го објави документарецот за Мундијалот во Катар, направен во шест епизоди. Мислевме дека сè сме виделе од тоа аргентинската бараба, која ги спаси своите со ненормална одбрана во 123-та минута, ама овој детал го немаше во преносот.

Сите 52 гола на Мбапе во 2023-та

Годината ја завршува со титула вкупна петта со ПСЖ, но и со јак голгетерски учинок од 52 погодоци за клуб и репрезентација. До своите 25 години кои ги наполни пред два дена, веќе има страшна бројка од вкупно 308 голови во кариерата.

Килијан мајсторе од кај ги вадиш овие удари?

Мбапе ја заврши 2023-та на совршен начин. Постигна два комада од кои едниот еврогол за победа на ПСЖ против Мец од 3:1. Плус брат му Итан дебитираше на 16 години и сето ова се случи на 25-от роденден на Килијан. Француско продолжува на 12 јануари.

Големото промашување на Мбапе и ножичките за во канта

На Килијан Мбапе не му одеше против Њукасл и доби поклон пенал со кој извади 1:1 пред своите навивачи во 98-ма минута. Во вториот дел го промаши цел гол од блиску, а потоа се обиде да го глуми Гарначо и се посрамоти.

Мбапе одлепи на тренинг

Ај со голот што одлепи, ама погледнете потоа што правеше. До соблекувална трчаше од радост.

Најголемото промашување во кариерата на Мбапе

Со головите на Витиња, Хакими и Коло Муани, ПСЖ го доби Рен на гости со 1:3. Мбапе на крај имаше шанса за 1:4, сè направи како што треба, но на крајот имаше пацерски финиш, што е скроз нетипично за класа играч како него.

Делегацијата на Ал Хилал попи корпа во Париз

Агресивната навала на Арапите со купување фудбалски ѕвезди од Европа со многу пари, не може да упали секаде. Безобразниот обид со Мбапе им пропадна.

Готово е со Мбапе а?

Добро бе од кај му го ископаа двојников? Исти се. Некој може и да се насанка.

Арапите скроз одлепија, му нудат плата на Мбапе од 1.332 евра во минута

Во Саудиска Арабија веќе не се знае кој што прави со парите во фудбалот. Ал Хилал испратил понуда до Мбапе, невидена во ниту еден спорт откако постои човештвото. Уште остров фали да му подарат.

Се сретнаа Мбапе и Виктор кој заврши кај Грег Попович

Француската сензација Виктор Вембанјама ја следеше драфт лотаријата во НБА со семејството и пријателите. Џек потот го доби Сан Антонио Спарс кој прв ќе го бира првиот пик после 1997-ма кога го одбра Тим Данкан. 219 високиот Французин доби поддршка и од Килијан Мбапе кој инаку е висок 178 см. Погледнете го видеото за да сфатите зошто пишуваме колку се високи.

Не се бранат ваквите голчишта на Мбапе

ПСЖ му пукна петарда на Ајачио од 5:0 и на три кола до крај има +6 пред Ленс, што значи титулата е речиси освоена. Мбапе даде два гола и има вкупно 38 од кои 26 во првенство. Вториот го постигна со страшен волеј.

Французите ги објавија најплатените играчи и тренери во лигата

Првите 10 места се резервирани за ПСЖ. Мбапе на 24 години се буди секој ден со нови 214.285 евра. Игор Тудор е втор најплатен тренер.

Две милијарди потрошени за тим како за Плејстејшн кој на терен разочарува

180 милиони евра за Мбапе, потоа нови 630 милиони бруто за нов тригодишен договор со невидени привилегии. 222 милиони за Нејмар, плус Меси го купија. ПСЖ е опседнат со големи имиња, заборавајќи ги основните принцини во фудбалот. Дека тоа е спорт кој се игра со тим.

Кога водиш 3:0 на дерби и после ти е лабаво

Олимпик Марсеј - ПСЖ минатото коло заврши 0:3. Мбапе даде два гола и еден му асистираше на Меси. Лесно му беше после на Килијан кој знае да се мајтапи на терен.

Везилка со Мбапе и Меси

Килијан му наместил 29 гола на Лео, а Лео му наместил 25 гола на Килијан. Нејмар седи дома и се витка од болки, кога ги гледа како играат заедно.

Мбапе му даде пет гола на шестолигаш за кој игра водачот на навивачите на ПСЖ

Во Франција се одигра Куп натпревар во кој се случи една необична средба, можеби невидена во светот на фудбалот. Се судрија еден од најдобрите играчи на планетата против негов навивач кој внимавал да не го повреди.

Мбапе и Хакими маскирани низ улиците во Њујорк

Двајцата другари и соиграчи од ПСЖ добија слободни денови после поразот од Ленс, бидејќи се вратија брзо на тренинзи и не се одморија после едномесечниот ангажман во Катар. На НБА натпреварот не поминаа без медиумско внимание, ама потоа најдоа начин како да шетаат слободно.

Две уморни ѕвезди на ПСЖ од Мундијалот се релаксираа на НБА натпревар

На дуелот меѓу Бруклин Нетс и Сан Антонио Спарс имаше изненадување во публика. Килијан Мбапе и Ашраф Хакими и тоа само ден откако играа редовно коло. На видео бим ги пуштија головите на Французинот од финалето против Аргентина.

Макрон небитен како семафор во Валандово

Веројатно единствената паметна работа која ја направи Емилиано Мартинез на првенствово, покрај бранењето пенали и зицери.