Килијан мајсторе од кај ги вадиш овие удари?

Мбапе ја заврши 2023-та на совршен начин. Постигна два комада од кои едниот еврогол за победа на ПСЖ против Мец од 3:1. Плус брат му Итан дебитираше на 16 години и сето ова се случи на 25-от роденден на Килијан. Француско продолжува на 12 јануари.

Какви се овие страшни удари кои ги изведува од место? Ем пласирана, ем силна, па уште со лоб со кој нема шанси голманот.

Мајсторијата од повеќе агли

Успесите на Килијан на 25 години 

21 декември 2023 - 09:09