Серија А и Бундеслига со по три екипи во европските полуфиналиња, Премиер лига со Астон Вила

Италија и официјално доби 5 места во Лига на шампиони, пошто Премиер лига е најјака, а Италијаните нели се секогаш тапа по дифолт. Инаку во игра се и за 6-то место за следната сезона. Ви викаме дека глупа ви е дебатата и непотребна.

По 9 години, англискиот фудбал останува без ниту еден претставник во полуфиналињата на Лига на шампиони и Лига Европа.

Манчестер Сити и Арсенал ги завршија настапите во четвртфиналето од ЛШ, а Манчестер Јунајтед и Њукасл уште претходно во групна фаза.

Синоќа во топ 8 фазата од Лига Европа се збогуваа Ливерпул и Вест Хем откако беа елиминирани од Аталанта и Баер Леверкузен. Во претходната фаза настапите ги заврши Брајтон.

Астон Вила остана единствениот претставник од Премиер лигата на европска сцена откако во четврфиналето од Конференциската лига на пенали го елиминираше Лил.

Полуфиналињата изгледаат вака:

Лина на шампиони 30 април/1 мај и 7/8 мај
Борусија Дортмунд - ПСЖ
Баерн Минхен - Реал Мадрид

Лига Европа 2 и 9 мај
Марсеј - Аталанта
Рома - Баер Леверкузен

Конференциска лига 2 и 9 мај
Астон Вила - Олимпијакос
Фиорентина - Клуб Бриж

Серија А и дефинитивно следната сезона ќе има 5 претставници во Лига на шампиони, а пази ова, може да имаат и шест.

За тоа да се случи Рома или Аталанта треба да ја освои ЛЕ и да заврши петти или шести во лига, каде што и се наоаѓаат во моментов.

19 април 2024 - 08:26