Се сруши цела трибина на стадион во Индија

Ужасни сцени ни пристигнуваат од Индија. Се сруши цела трибина на фудбалско игралиште.

Повеќе од 100 луѓе се повредени, а шестмина се во сериозна состојба откако се сруши цела трибина на отворањето на (верувале или не) нов стадион.

Локалната полиција започна кривична постапка против организаторите и одговорните лица за изградбата на стадионот затоа што трибините биле изградени од скелиња и даски, а столбовите биле набиени во кал.

Моментот на рушењето е снимен по 2:50 на видеото:

18 декември 2013 - 11:39