Самсунспор не ги заборава своите жртви

На денешен ден пред точно 25 години турскиот клуб се соочи со најголемата трагедија во својата историја. Додека екипата патуваше на гостување, во сообраќајна несреќа животот го загубија пет члена.

На 20 јануари 1989 година фудбалерите на Самсунспор му гостуваа на Малатијаспор, но тој ден наместо да се игра фудбал, Турција беше потресена од голема трагедија во која загинаа петмина.

Тимот патуваше во автобус, а во несреќата загинаа фудбалерите Мете Аданир, Музафет Бадалоглу и Зоран Томиќ кој беше во кома шест месеци, потоа тренерот Нури Асан и возачот на автобусот Асим Озкан.

Седум фудбалери беа сериозно повредени од кои капитенот на тимот Емик Кар остана парализиран. Само двајца играчи продолжија со фудбал, а голманот Фатих Ураз кој бил чувар на мрежата на репрезентацијата на Турција не бил повеќе способен да биде во првиот тим.

По оваа трагедија клубот одлучи официјална боја да им биде црната, а на вчерашниот меч навивачите на турскиот второлигаш со кореографија ја одбележаа 25 годишнината од црниот ден за турскиот фудбал.

Минатата година клубот за малку ќе имаше уште една трагедија и тоа во судир со воз, но за среќа фудбалерите минаа без никакви последници.

20 јануари 2014 - 15:16