Рубљата падна, Усманов и Абрамович загубија по 800 милиони долари

Откако руската валута падна во однос на доларот на најниско ниво во последната деценија, по анализата на фудбалските аналитичари тоа може да се одрази и на фудбалското првенство во Англија. Сопственикот на Арсенал, Усманов за 48 часа загубил преку 800 милиони долари, а ништо поарен не е ниту Роман Абрамович.

Причината за стравот во англискиот фудбал се Роман Абрамович сопственикот на Челси и Алишер Усманов кој има 30 отсто од акциите на Арсенал. Според Гардиан, по драматичната недела на руската берза, Усманов загубил околу 809 милиони долари, а сопственикот на Челси поминал подобро и во вода му паднале „само“ 449 милиони евра. И двајцата не загубиле многу, ако се земе предвид нивното вкупно богатство кое се проценува на 13 милијарди долари на Усманов и 12,8 милијарди на Абрамович.

На листата најголеми загубари, Усманов е на првата позиција, Абрамович на третата, а на осмото место со загуба од 150 милиони е сопственикот на Монако, Дмитри Рибољовлев. Дваесет најбогати Руси од почетокот на бурната недела по руската берза, загубиле околу 10 милијарди долари.

Алишер Усманов во Арсенал влезе во 2007. година, кога откупи 14,58% од акциите на клубот. Пет години подоцна, во 2012. година, Усманов купи дополнителни акции и во моментов има 30% од акциите во клубот. Роман Абрамович го купи Челси во 2003. година од Кен Бејтс, кој стана сопственик на Лидс Јунајтед.

18 декември 2014 - 15:40