Роден e на дебито на Абијати, а сега му е замена

Поради суспензијата на Диего Лопез и повредата на Агаци, на клупата за резервни фудбалери на Милан против Чезена ќе седне младиот Џанлуиџи Донарума, роден 40 дена по дебито на Абијати за Милан.

На 17. јануари 1999. година почна долгата кариера на Кристијан Абијати. Тогаш прв голман на Милан беше Себастијано Роси, рекордер со 929 минути без примен гол во Серија А. На дуелот со Перуџа, Роси со џудо зафат го собори Кристијан Буки и доби директен црвен картон и суспензија од пет натпревари.
 
На тој начин се отвори вратата за 21-годишниот Кристијан Абијати, кој ќе стане важен дел од составот кој ја освои 16. титула под водство на Алберто Ѕакерони.
 
40 дена по дебито на Абијати, се родил Џанлуиџи Донарума. Голман, кој следната недела ќе го прослави 16. роденден, а за подарок ќе добие место на резервната клупа на Милан. Причина за тоа е суспензијата поради жолти картони на Диего Лопез и повредата на Мајкл Агаци. Сцената ќе се одвива во 24. коло од Серија, кога Милан ќе игра против Чезена.

Тренерот Инзаги повеќе го загрижува малата болница во одбраната, каде се повредени Палета, Запата, Алекс, Ѕакардо, Де Шиљо и Абате, а Мексес е казнет поради црвениот картон со Лацио.
 
Но главна тема поврзана со Милан овие денови е втората опција за голот, а тоа е Донарума, роден во Кастеламаре ди Стабија. Тој е стандарден член на младинскиот состав на Милан, предводен од Кристијан Броки и на 15 години е висок 1,97м.
 
Донарума, познат како Џиџо има девет години постар брат кој е член на второлигашот Бари, а во 2005 година бранеше за младинците на Милан.
 
Џанлуиџи Донарума наскоро би можел да застане на голот на првиот тим на Милан, а такво нешто најави и неговиот менаџер, познатиот Мино Рајола, кој вели дека иако е толку млад, Донарума е зрел и физички силен голман. На страна што се вика исто како и најдобриот италијански голман.