Реџо Калабрија и Реџина и после 30 години го памтат овој гол

Еден од најлегендарните моменти од клупската историја на Реџина (ви текнува на некогашниот прволигаш во Серија А од јужниот град на 'штиклата'), е еден пенал од Рикардо Пачоко, изведен на денешен ден во 1990-та година. Играле Реџина - Триестина (2-1) и Пачоко постигнал гол од пенал со рабона.

„Да бидам искрен повеќе беше кладба со мистер (тренерот) Болки. Недела дена пред мечот, игравме една пријателска против воениот тим. На голот стоеше Маркеџани и јас пробав рабона. Што не ми испонакажа голманот кога пробав а јас му реков „ти глеј си ја голманската работа, а јас напаѓачката“. После тренерот Боки се налути на мене во соблекувалната и ми се дереше дека не сум имал почит. „Шефе, јас имам почит за сите, ама ако дојде до пенал во недела пак така ќе шутирам“. И дојде недела и шутирав“, раскажал еднаш Пачоко за Бонџорно Реџина.

13 мај 2020 - 10:48