Проколнатиот дрес од Фарски Острови

Фудбалер од Фарските Острови одиграл два натпревари за својата репрезентација и по натпреварите ги разменил дресовите со Фабрис Муамба и Пјермарио Моросини.

Поранешниот младински репрезентативец на Фарските Острови, Пол Дам во 2003-та година со својата репрезентација одиграл пријателски натпревар против младинската репрезентација на Англија. По натпреварот, тој го сменил дресот со Фабрис Муамба, членот на Болтон кој минатиот месец колабираше на терен, но за среќа тој веќе се оправи.

Пет години подоцна, по пријателски натпревар со Италија, тој го заменил дресот со Пјермарио Моросини кој викендов почина од срцев удар за време на натпревар.

Ме вади од памет, но тоа е само коинциденција. Би сакал и во иднина да менувам дресови, но не знам дали противничките фудбалери сега ќе сакаат да разменат дрес со мене", изјавил Пол.

Тоа биле единствените два натпревари кои овој 24 годишен фудбалер ги одиграл за младинските репрезентации на Фарските Острови и единствени два дресови кои ги добил од противнички фудбалери.

19 април 2012 - 12:10