Најдобра журка со ди-џеј Јосип Иличиќ

Репрезентативецот на Словенија стана првиот играч во историјата кој постигнал 4 гола на гости во Лига на шампиони. По 4 даваа Меси (два пати), Марио Гомез и Роберт Левандовски, ама сите дома.

Иличиќ е најголемиот цар досега во Лига на шампиони. Јосип е првиот Словенец со хет-трик во ЛШ. Последен играч кој даде 4 гола за италијански клуб во ЛШ беше Андреј Шевченко (ноември 2005-та).

На домашните натпревари Иличиќ во ЛШ има само 1 гол, но откако ја демолираше Валенсија, тој стана трет играч после Кристијано Роналдо и Меси кои постигнаа по 5+ гола во двомеч од нокаут фаза во елитата.

Иличиќ во 2020-та година на 11 меча има 14 гола во сите натпреварувања. За неговите проблеми во животот пишувавме, дека го изгубил татко му како бебе, дека пред пар години се разболи од тешка болест но успеа да се врати и да стане рекордер.

Интересно, минатата сезона Аталанта заврши трета во Серија А и првпат во историјата се пласираше во Лига на шампиони. Групната фаза ја почнаа трудно - со три порази, но после како да се кренаа од пепелот и станаа првиот клуб во историјата кој се нашол во плејофот после таков неубедлив старт.

Притоа настапите во Лига на шампиони нималку не им влијаат на резултатите во Серија А - Аталанта гордо чекори кон уште еден нов пласман во елитното друштво. Се наоѓаат веднаш зад лидерската тројка.

Бергамашите сезонава дадоа 70 гола, најмногу од сите во цела Италија. 15 од нив даде Јосип, јунакот кој уште на 3 месеци пред крајот на сезоната постави нов личен рекорд.

„Роденденот е единствен ден кога сфаќам дека стареам. И тоа е забавно. Сега физички се чувствувам многу подобро отколку пред 6-7 години“, вели Словенецот.

ВО АТАЛАНТА ИМАШЕ ТЕЖОК СТАРТ, НО ГАСПЕРИНИ МУ ГО НАЈДЕ МЕСТОТО

Навивачите на Фиорентина не се вљувија во Иличиќ. Кога во летото 2017-та го продадоа во Аталанта, весникот La Nazione од Фиренца напишал:

„Заминува тивко и неприметно, без да остави трага. Огромниот потенцијал остана нереализиран“.

Фиорентина за него доби 5 милиони евра, четири пати помалку од тоа што му го плати на Палермо 4 години претходно. Јосип се замери со тренерите кои не го гледаа во своите проекти и со навивачите.

До ден денес не сака да се потсеќа на тој период.

„Во Фиренца ми закачија етикета нестабилен играч иако три години бев најдобар стрелец на екипата. Памтам кога на шест меча по ред давав гол. Тоа ли е нестабилност? Не сум напаѓач кој е должен да дава по 20 гола за сезона. Ако сум нестабилен што ли зборуваат за другите?“, рече Јосип Иличиќ неодамна во интервју за La Gazzetta dello Sport. Но добро е што навивачите на Фиорентина ми ставија крст. После тоа станав посилен играч“.

Во летото 2017-та година Иличиќ имал неколку варијанти: Торино, Сампдорија или Аталанта. Меѓу овие клубови без лични амбиции како тогаш кажа Иличиќ, тој ја избра Аталанта затоа што Бергамашите играа во Лига Европа, а Јосип се познавал со тренерот Гасперини. Кратко време работеа заедно во Палермо и во 2012 Џан Пјеро Гасперини како да го поттикна: „Може да стане класен играч, не му фали многу“.

КАКО ГАСПЕРИНИ ОД НЕГО НАПРАВИ СВЕТСКА КЛАСА

По крајот на сезоната 2018/2019 Иличиќ се најде во најдобриот тим на Серија А како играч во средниот ред.

Во Аталанта игра целосно близу противничкиот гол, но така не беше ни во Фиорентина ни во Палермо.

„Како се најдов на таа позиција? Во Фиорентина имавме посед на топка но тоа беше бескорисно. Таму имав една-две шанси по натпревар, а во Аталанта многу повеќе“, вели Иличиќ за својот развој.

Гасперини игра напаѓачки фудбал, а Иличиќ тоа го користи и во просек има по 3,3 успешни дриблинзи за 90 минути. Тоа е трет показател во Серија А меѓу оние кои одиграле повеќе од 20 меча (лидер е Жереми Бога со 5,1).

„Не можам да стојам пола саат и да чекам топка. Во тоа е мојата сила, немам стрикна позиција на теренот, се преместувам, примам топка подлабоко, ја водам напред“, додава Словенецот.

Неговиот соиграч Ханс Хатебур вели:

„Мене понекогаш многу ме нервира кога не ми дава топка кога сум слободен, но кога најмалку очекуваш ќе ти даде одличен пас. Неговата тајна е во непредвидливоста“.

На стартот на сезоната 2018/2019 кога Аталанта имаше многу лоша серија на резултати и падна во очај, тренерот Гасперини побарал од играчите да напишат што треба да биде главна цел.

Никој не напишал Лига на шампиони. Неколку млади играчи напишале Лига Европа. Повеќето пишале: „Да се справиме со тешкотиите“. А Иличиќ: „Да не испаднеме“.

Тој минатото лето сакал да замине од Аталанта. „Ми треба чекор напред во кариерата, борба за скудето, предизвик. И кажав на управата дека веќе немам 20 години и дека или ќе победувам тука или ќе си одам. Ме викаа во Наполи, ме викаа други клбови. Но Гасперини ме убеди да останам. Не знам како но се сложив. Можеби во друга екипа ќе дадев 30 гола. La Gazzetta dello Sport.

Кој би можел да претпостави каква сезона ќе одигра и дека ќе стане најкорисен играч во моментов во Лига на шампиони.