Првиот голман на Ајакс земал апче од жена му, УЕФА го казни 12 месеци

Холандскиот шампион дефинитивно го следи баксуз. Прво нивниот шпиц Квинси Промес беше уапсен зошто со нож нападнал роднина, после заборавија да го регистрираат нивното рекордно платено засилување, Себастијан Алер, а сега на 1 година им е суспендиран и првиот голман.

Долга суспензија го чека Андре Онана. Голманот на Ајакс кој брани за репрезентацијата на Камерун е казнет од УЕФА а суспензијата почнува од петок 5 февруари.

24-годишниот Онана бил позитивен на еден анти-допинг тест на 30 октомври 2020-та, контрола која била надвор од спортски настани.

Во неговата урина е пронајдена супстанца Фуросемид. Три дена пред таа контрола, Онана бранел против Аталанта во Бергамо (2:2) во меч од Лига на шампиони.

Утрото на 30 октомври Онана се почуствувал малаксано па се напил апче Лазимак, таблети кои и биле препишани на жена му. Без да знае дека тоа апче содржи супстанци кои се забранети.

Според УЕФА, Онана докажал дека немал намера да ги крши анти-допинг правилата, но дека правила се правила и секој спортист треба да биде сигурен дека во неговиот организам не внесува забранети супстанци.

„Строго одбиваме лекови кои ги подобруваат настапите, за чист спорт сме. Ова е ужасна суспенсија за Андре но сигурно и за нас како клуб зошто Андре е голман од највисок ранг кој ја покажа својата вредност во Ајакс низ годините и е многу популарен меѓу навивачите.

Се надевавме на една условна казна или многу пократка суспензија од оваа од 12 месеци зошто намерата на Онана сигурно не му била да го подобри своето тело, не сакал да користи нешто недозволено“, вели Едвин Ван Дер Сар, директор во Ајакс.

5 февруари 2021 - 12:26