Против Шпанија без Бабунски, Попов, Георгиевски и Грнчаров

Македонскиот селектор го објави списокот за првиот квалификациски натпревар за ЕУРО 2016 против Шпанија кој го играме на „Местаља“ на 8. Септември.

Во поширокиот список, Бошко Ѓуровски не ги стави двајцата стандардни бекови Горан Попов и Даниел Георгиевски и остана на своите принципи, дека нема да има повик за фудбалерите кои се без клупски ангажман.

Во составот ќе го нема стоперот на Вардар, Бобан Грнчаров, потоа талентираниот Давид Бабунски од Б тимот на Барселона, додека новиот член на Ал Наср, Иван Тричковски самиот го откажа својот настап против Шпанија со образложение дека не е 100% подготвен.

Ѓуровски од домашното првенство ќе им даде шанса на Дарко Глишиќ од Вардар и Марјан Радески од Металург, а се очекува да дебитира и членот на Динамо Загреб, Аријан Адеми.

Повикани играчи:

ГОЛМАНИ: Томе Пачовски (Мехелен, Белгија), Мартин Богатинов (Ермис, Кипар), Дарко Тофиловски (Кошице, Словачка), Кристијан Наумовски (Левски, Бугарија)

ОДБРАНА: Ванче Шиков (Австрија Виена, Австрија), Даниел Мојсов (Бран Берген, Норвешка), Александар Дамчевски (НАЦ Бреда, Холандија), Адријан Цуцули (Партизани, Албанија), Ерџан Алиоски (Шафхаузен, Швајцарија), Дарко Глишиќ (Вардар), Стефан Ристовски (Парма, Италија), Кире Ристевски (Славија Софија, Бугарија), Александар Тодоровски (Штурм, Австрија).

СРЕДЕН РЕД: Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Стефан Спировски (Берое, Бугарија), Мухамед Демири (Сент Гален, Швајцарија), Марјан Радески (Металург), Ферхан Хасани (Брондби, Данска), Александар Трајковски (Зулте Варегем, Белгија).

НАПАД: Агим Ибраими (Марибор, Словенија), Адис Јаховиќ (Риека, Хрватска) Јован Костовски (Левен, Белгија), Крсте Велкоски (Сараево, БиХ), Бесарт Абдурахими (Локерен, Белгија).

Собирот на репрезентативците е на 1 септември во Валенсија каде нашиот национален тим ќе се подготвува за првата пресметка во квалификацискиот циклус за ЕУРО 2016 кој се игра во Франција.

25 август 2014 - 13:35