Пристојна година за македонскиот фудбал, ја задржавме позицијата

ФИФА ја објави најновата ранг листа на која македонската фудбалска репрезентација не доживеа промени и остана на 68 место во светот со 1343 поени.

Годината што изминува можеби е една од подобрите кога македонската репрезентација е во прашање.

Останавме 68-ми на свет со сосема добри шанси да обезбедиме историски пласман на едно Европско првенство, преку плејофот на Лига на нации.

Веднаш зад нас на листата е учесникот на Мундијалот 2018 во Русија, Саудиска Арабија, а пред нас е Алжир. Селекцијата против која ќе играме во полуфиналето од Лига на нации, Косово е рангирана на 131. место со 113 поени.

Од ривалите против кои ќе играме во квалификациите за Европско, Полска најдобро котира и е 20-та, Австрија е 22-ра, а Израел е на 90 место.

Врвот останува непроменето. Во Топ 10 води Белгија пред светскиот шампион Франција, Бразил, Хрватска и Англија. Зад нив се Португалија, Уругвај, Швајцарија и Данска.

Следното рангирање ќе се објави на 7 февруари 2019 година.