Претседателката на Хапоел што оди на гостувања со навивачите

Алона Баркат, газдарицата на израелскиот клуб Хапоел Бер Шева, им ја донесе титулата на навивачите која што ја чекале од 1975/1976 и ја прекина доминацијата на Макаби Тел Авив.

Во средината на ’70-те години од минатиот век, Хапоел Бер Шева важел за главна сила во израелскиот фудбал, два пати по ред станувал шампион и го освојувал Супер Купот на Израел. Но на почетокот на ’2000-те, тимот речиси банкротираше и заглави во втората лига. Кога на тренинг од срцев напад умрел 27-годишниот репрезентативец на Замбија, Часве Носфва, почнале гласини дека некој го проколнал Хапоел.

Клубот едвај го сочувале и во летото 2007. година го продале за 1,8 милиони долари. Но мнозинството навивачи и натаму биле незадоволни и гневни поради фактот што сопственик на клубот станала жена (прва и единствена во израелскиот фудбал), а им сметало и потеклото. 

Во 1996. година, Алона се преселила во САД со сопругот Ели Баркат кој стекнал огромно богатство преку инвестииони фондови. После 10 години, парот се враќа во Израел и се населува во елитен кварт во Тел Авив и со текот на времето финансиски го помагале Макаби. Но расправиите со ултрасите на Хапоел Тел Авив им дошле преку глава.

Две години подоцна, кога Хапоел се вратил во LIGAT HA’AL (Премиер лигата на Израел), никој не прашувал за потеклото на парите, а од клубот Бер-Шева ја молеле Алона да дојде кај нив. 

„И покрај тоа што сум жена, не чуствувам некој посебен однос. На почетокот сите беа изненадени, но сега им е нормално. Во секој случај, резултатот е главно мерило. Во детството бев мангуп, сакав се што сакаа машките деца, а најмногу фудбалот. И љубовта кон него ја задржав за цел живот“, изјавил Алона на промоцијата во Хапоел Бер Шева.

Благодарение на Алона, клубот брзо добил современа академија и тоа било доволно да стане еден од водечките земји. Во 2014. година, Хапоел после долго време се врати во еврокуповите, а годинава малку им фалеше да влезат во Лигата на шампионите. Испаднаа од Селтик иако го победија 2:0 во реваншот дома (во Глазгов загубија 5:2) и обезбедија место во групната фаза на Лига Европа.

Способноста на Алона се видела и во 2015. година кога била најзаслужна за изградбата на ултра-модерниот стадион за 16.000 гледачи (до Арената има огромен тренинг комплекс) кој чинел 57 милиони евра. 

Покрај тоа, под нејзино водство Хапоел Бер Шева редовно учествува во различни друштвени и хуманитарни проекти како што се борбата против сексизмот и расизмот во спортот.

„За нашиот тим играат евреи, арапи, христијани. Ние потпишуваме со играчи врз основа на играчките квалитети, а не поради нивната етничка или верска припадност. Хапоел соработува и со еден локален фонд преку кој нуди програм за 600 млади деца, вклучувајќи и бедуини и имигранти од Етиопија. Од детството сум страствен филантроп и сметам дека фудбалот е е ден од најдобрите начини да се промовираат образовните вредности и да се остварат друштвени промени“, вели Алона, газдарицата на Хапоел Бер Шева.

Баркат покажала дека умее да биде и строга во донесувањето одлуки. После три успешни сезони со тренерот Елиши Леви (во последната сезона со него Хапоел завршил трет и тоа се славело како огромен успех), оддеднаш лани го отпуштила. Во 2010. година Алона успеала да ги смири навивачите кога почнеле да го тероризираат тренерот Гај Азури. Доволно било да се закани дека ќе го продаде клубот.

Денес Макаби го има четвртиот буџет во израелската лига - околу 13 милиони евра годишно. Тоа не му смета на тимот да им се спротистави на финансиски моќните Макаби Тел Авив (40 милиони) и Макаби Хаифа (35 милиони годишно). За Хапоел Бер Шева играат само четворица странски играчи а играта во голема мера зависи од децата на клубот и репрезентативецот на Израел и поранешен играч на Челси, Бен Шаар.

„Одиме постепено кон успехот. Убедена сум дека Хапоел еден ден пак ќе биде прв“, изјави пред две години 46-годишната Баркат, која како да го најави тоа што ќе се случува лани во сезоната 2015/2016 кога Бер Шева стана шампион на Израел.

Минатата година, Макаби Тел Авив, по три титули по ред мораше да го предаде тронот на кој седна Хапоел Бер Шева.

Претседателката Алона е амбициозна жена која сака клубот редовно да игра во Европа. „Како сопственичка на клубот вклучена сум во секоја одлука. Ги оставам професионалците да си ја вршат работата, но секоја одлука и последниот збор е мој. Дури и за гостувањата“, додава Алона. Кога Хапоел игра на гости, таа седи со гостинските навивачи во „кафезот“, а не во удобната ложа. „Секогаш седам со нив. Сакам да знам што мислат навивачите. Многу од нив го имаат мојот број, ми се јавуваат ако имаат јасни идеи или критики“.

Сезонава во Европа, Хапоел го елиминираше богатиот Шериф, а потоа и неприкосновениот грчки шампион Олимпијакос во третото коло за ЛШ. По елиминацијата од Селтик во плејофот, Хапоел осигура групна фаза на Лига вропа каде ќе играат со Интер, Саутемптон и Спарта Прага.