Последните соочувања на осминафиналистите во ЛШ

Славниот Милан со холандското трио Гулит-Рајкард-Ван Бастен предводени од Ариго Саки е последниот тим кој во 1990 година ја има одбрането најзначајната европска круна, а за тој подвиг сезонава ќе се бори Реал Мадрид. Во нокаут фазата има седум поранешни прваци и девет финалисти во најелитниот клупски европски фудбал.

ПСЖ – ЧЕЛСИ

Овие два тима се судрија минатата сезона во четвртфиналната рунда од Лигата на шампионите. ПСЖ направи голем чекор на првиот дуел и поведе со 3:1, но на “Стемфорд Бриџ“ избраниците на Мурињо вратија онолку колку што е потребно. 2:0, стрелци Шурле и Демба Ба.

МАНЧЕСТЕР СИТИ – БАРСЕЛОНА

Дуелот на титаните втора година по ред ќе го гледаме во осминафиналната нокаут фаза. Минатата сезона Каталонците славеа на гости со 2:0 со головите на Меси и Алвеш. Сити немаше сили да возврати на „Камп Ноу“ и реваншот го загуби со 2:1.

БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – АТЛЕТИКО МАДРИД

Баер и Атлетико до сега се немаат сретнато во Лигата на шампионите. Нивното последно соочување се случи во групната фаза од Лига Европа 2010/11 кога и двата дуела завршија 1:1.

ЈУВЕНТУС – БОРУСИЈА ДОРТМУНД

Јувентус ја совлада Борусија во двобојот од финалето на Купот на УЕФА во 1993 година со вкупни 6:1, но по четири години Германците се одмаздија во Минхен, а до пехарот во Лигата на шампионите ги одведе Отмар Хицфилд.

ШАЛКЕ – РЕАЛ МАДРИД

Бранителот на титулата ја доби посакуваната реприза од лани кога го мина осминафиналето со триумф од 6:1 во Гелзенкирхен и 3:1 на Бернаабеу. Кристијано Роналдо постигна вкупно 4 голови.

ШАХТЈОР – БАЕРН МИНХЕН

Овие две екипи претходно не се сретнале.

АРСЕНАЛ – МОНАКО

Прво соочување ќе гледаме и на овој дуел, но во овој случај за двата тима е поврзан Арсен Венгер. Тој го водеше Монако до титула во првенство (1998) и купот (1991), а на клупата седеше од 1987 до 1994 година.

БАЗЕЛ - ПОРТО

И овие две екипи досега немале меѓусебни пресметки.

15 декември 2014 - 18:00