Пет години од веста за Фергусон која го обиколи светот

Добри вести пристигнаа утрово од островот, а тоа е дека Ферги се разбудил од кома по операцијата и дека правел муабет со семејството. На овој ден пред точно 5 години тој ја донесе веројатно најтешката одлука во животот.

Сите навивачи на кои Фергусон им е во срце, постојано ја следат неговата здраствена состојба , а ние ќе ги потсетиме на еден историски датум кој сигурно го паметат.
 
На 8 мај 2013-та Манчестер Јунајтед на својот веб сајт соопшти дека Сер Алекс Фергусон нема повеќе да го води клубот и дека ќе се пензионира. Но тој не си замина, туку остана на директорската функција.
„За оваа одлука размислував долго време и морам да признаам дека не ја донесов лесно. Сепак, ова е вистинското време. За мене беше најважно клубот да го оставам во најдобра можна форма и мислам дека успеав. Квалитетот на овој шампионски тим и рамнотежата во години, даваат за право да верувам во континуиран успех на највисоко ниво, а структурата на подмладокот ќе осигура дека иднина на клубот ќе остане светла на долги патеки", порача Фергусон преку клупскиот сајт.
Кога тогаш мораше да се случи. На тој ден беше соопштена официјалната негова одлука, а 11 дена подоцна на 19 мај за последен пат седна на клупата на Јунајтед.
 
 
Тоа беше дуел меѓу ВБА и Манчестер Јунајтед, број 1.500 во тренерската кариера на тогаш 71 годишниот Шкотланѓанец, кој инаку заврши со резултат 5:5.
 
Навивачи на ВБА како домаќини се обидоа максимално да профитираат од тој меч и на гостите им нудеа билети дури и до 5.000 фунти.
 
Стариот лисец од 1986-та до 2013-та година на Манчестер му донесе вкупно 38 трофеи од кои 13 титули во Премиер лигата и 2 во Лига на шампиони.
 
По неговото заминување дојдоа Дејвид Мојс, Рајан Гигс (20 дена), Луи ван Гал и актуелниот Жозе Мурињо. Ван Гал го освои ФА Купот, а Мурињо Лига Купот и Лига Европа.
 
Но на Олд Трафорд сите го чекаат враќањето на шампионскиот сјај во Премиер лигата кој последен пат им го донесе Ферги во неговата последна сезона.
 
 
Поважно од тоа им само тој побрзо да закрепне.
8 мај 2018 - 14:28