Пандев во составот на Интер за натпревар во Грузија

По пауза од 12 години, македонската фудбалска легенда повторно ќе го облече дресот со кој ја испиша историјата под водство на Мурињо.

Горан Пандев на 7 март ќе настапи на пријателски натпревар со Интер и тоа во Грузија, земјата која вечно ќе ја памети по историскиот гол со кој и го запечати првото Европското првенство на Македонија.

Се работи за меч меѓу ветерани и покрај Пандев во составот на Интер ќе бидат и легенди како Цезар, Занети, Матераци, Мајкон, Лусио, Кордоба, Камбјасо, Снајдер, Фиго, Милито...

Нашата најголема фудбалска гордост ги оствари најголемите успеси со Интер, каде за само две сезони успеа да освои 6 трофеи:

Скудето, Лига на шампиони, Светско клупско првенство, Супер Куп на Италија и два Купа.

Викендов во Струмица го отвори и фан шопот на Брера Струмица.

4 март 2024 - 15:36