Од каде потекнува химната за Лигата на шампионите?

Најпознатата мелодија во европскиот фудбал се роди пред 22 години, а инспирацијата за неа доаѓа од свечената ода за монархиското крунисување „Свештеникот Садок".

Елитната Лига на шампионите се најавува со химната „The Champions“ и стандардната мушама која се тресе по европските фудбалски терени во вторник и среда.

„Музиката од ЛШ? Срце ме болеше, кога ја слушав дома додека лежев. Сакав да ја слушнам повторно во живо“, изјави Џиџи Буфон во годината во која Јуве не играше ЛШ.

Најзаслужен за песната е Британецот Тони Брајтен, музичар и режисер од Лондон, кој пред 22 години откако го завршил мјузиклот за Робокап, решил да снима и за УЕФА. Инспирацијата ја нашол во одата „Свештеникот Садок“ од Џорџ Фредерик Хандл, отсвирена 1727-та година за кралот Џорџ Втори.

На тој начин, оваа песна од ода на крунисувањето на британската монархија стигна до натпреварите од Лигата на шампионите. Во „The Champions“ има стихови на англиски, германски и француски јазик, а најпознат е конечниот рефрен „The Chaaaampions“.

„Маркетинг тимот на УЕФА, кој дојде на идеја за химна во 1992-та година мислеше да се сними нешто слично на делата на Трите тенори (Павароти, Доминго, Карерас). Тогаш на нив почна да им опаѓа популарноста, по што решив на УЕФА да ѝ претставам нешто мое. Најмногу им се допадна преработката на „Свештеникот Садок“, од кои ги искористив виолините и стилот за да ја направам оригиналната верзија на „The Champions“, вели Тони Брајтен за Газета дело спорт.

Авторот на песната додава уште и дека сè уште се гордее кога ќе ја слушне песната пред натпреварите и дека не му е јасно како е можно таа да доживеала толкав успех во претходните 22 години.

„Навивам за Кристал Палас и Норич Сити. Се надевам дека еден ден некој од нив ќе заигра во Лигата на шампионите. Што се однесува до играчите, за мене најдобри се Лионел Меси и Герет Бејл. Токму Бејл ми кажа во една прилика дека натпреварите од ЛШ биле главна причина што заминал во Реал Мадрид“, констатира Брајтен.

Британецот вели дека најубав момент од неговиот живот е финалето од ЛШ 2001-та година во Милано, кога заедно со симфонискиот оркестар на Миланската Скала ја свиреле химната пред натпреварот.

22 октомври 2014 - 14:18