Очајно деби на Жоао Феликс за Челси кој загуби и од Фулам

Големото засилување на Стемфорд бриџ ќе сака што побрзо да го заборави првиот меч за Челси. Само што го облече синиот дрес направи непромислен старт, вреден чист црвен картон.

Ужасната серија на Челси кој се мачи на средина на табелата, продолжи со нов пораз, трет по ред после оние два од Манчестер Сити во првенство и Куп со вкупни 5:0.

Сините овој пат загубија 2:1 од Фулам кој му оди одлично сезонава и сега има +6 од Челси и се наоѓа на шестата позиција.

Домаќините го отворија резултатот со голот на Вилијан во 25-та минута, а на стартот на второто полувреме израмни Кулибали.

Во 58-ма минута на гостите останаа со играч помалку откако Жоао Феликс направи груб прекршок со отворен ѓон и заслужено доби црвен картон.

15 минути подоцна Карлос Винисиус ги постави конечните 2:1 за четврти триумф на Фулам во низа.

Инаку Челси плати 11 милиони евра за позајмицата на португалскиот напаѓач, а Грем Потер реши со само еден тренинг да му даде шанса во прв тим.

13 јануари 2023 - 08:53