Нема зима за Баерн по лева страна со оваа струја од дете

Се раѓаш во бегалски камп, бегаш од граѓанска војна, правиш опасно добар трансфер во Бундес лига и веќе на 19 години играш во ЛШ. Па уште на крај навивачите на Баерн ти го скандираат името затоа што си здробил на Стемфорд Бриџ. Каква бајка.

А бајката се однесува на Алфонсо Дејвис, импресивен пример за тоа на какво ниво може да се игра фудбал на негови години. Малиот едноставно е струја и екстра вредно дете кое вреди злато да го имаш во тим.

Минатата сезона доби само 6, но оваа 26 шанси на сите натпреварувања за Баерн. Синоќа беше неприкосновен со борбеноста и интервенциите во одбрана, а она што боде очи кај него е брзината, како да се работи за спринтер на тартанот.

Само кусо потсетување дека Дејвис испиша историја како прв играч во МЛС лигата роден 2000-та, а таму заигра на само 15 години за Ванкувер. Потоа Баерн го плати 22 милиони долари, а тоа беше рекорден трансфер во американскиот прволигашки фудбал.

Гази и на бековска и на крилна позиција, а на неговото минато потсети Гери Линекер. И за да не речете дека го фалиме само преку текст, еве неколку примери за тие кои синоќа не ја гледаа Челси – Баерн.

Се врати во одбрана и на Мејсон Маунт му се постави како Малдини.

Слична таква ситуација имаше и во второ.

Го има и во напад и тоа со асистенција до Левандовски.

Навивачите на Баерн му скандираа, а тој се срамеше да ги поздрави, па мораше Левандовски да го поттурне.

Тркот против Тотенхем и приказната за него.

26 февруари 2020 - 15:14