Неделните плати на фудбалерите на Манчестер Јунајтед

Веќе по кој знае кој пат изминативе сезони, без разлика на составот и тренерот, Јунајтед демонстрира нова резултатска и играчка беда, каквa што не можеше да се замисли во времето на Фергусон. А држат мега ѕвезда на клупа која на 37 години ја товат со преку 600.000 евра неделно. Н Е Д Е Л Н О.

Манчестер Јунајтед на Хари Мегваер му дава 224.706 евра неделно. Тоа се 898.824 месечно или 10,7 милиони годишно. Значи дефанзивец од рангот на Мегваер кој го исмејува цела планета дневно за тоа што го прави вади 32.100 евра.

Варан заработува 402.105 евра неделно, 1,6 милиони месечно, 19,3 милиони годишно. Дневната заработка му изнесува 57.443 евра.

На врвот е Кристијано Роналдо со неверојатна неделна плата од 609.526 евра. Тоа се 2,4 милиони секој месец или 29,2 милиони годишно. Секој ден на сметка му стигнуваат по 87.075 евра.

Ја имаме листата на топ 15 најплатени играчи на Манчестер Јунајтед сезонава кои загубија од Брајтон 1:2, од Брентфорд 4:0, од Реал Сосиедад 0:1 во ЛЕ, а викендов примија 6 парчиња од градскиот ривал Сити.

Навивачите на Манчестер Јунајтед по завршувањето на првото полувреме кое заврши 4:0.

Рој Кин во свој стил за тоа како изгледа Јунајтед

Панчев има да ви каже нешто за разликата меѓу Најдоски и Мегваер

3 октомври 2022 - 14:17