„Не треба да си паметен да сфатиш дека Русија не кажува прав број на заразени“

Бенедикт Хеведес е германски фудбалер кој игра за Локомотив Москва, а во минатото со успех го носеше дресот на Јувентус и Шалке. Одвреме-навреме пишува колумни.

Универзалниот Хеведес (32) има неколку вредни трофеи во кариерата. Стана светски шампион со Германија во 2014, освои скудето и Куп на Италија со Јувентус во сезоната 2017/2018, а има и шампионска титла во Бундеслига и Супер Куп на Германија со Шалке.

Одвреме навреме пишува колумни за германски t-online.de.

Во последниот текст отворено ги критикува руските власти за нетранспарентност во однос на заразените од новиот Ковид-19.

„Во Русија, според официјалните податоци, досега се знае за 114 случаи на заразени лица од коронавирус. Тоа е, како што кажа Путин, поврзано со сериозните мерки во региоините, а исто е во сите земји во првите недели од глобалната распространетост на вирусот.

„Што се случува во градовите во Русија? Сè е како обично, кафулињата полни, метрото полно, дури и улиците. Вирусот сега постепено ќе се распространува. Официјално.

Најмногу се чудев од мечот во Ростов минатата недела. Стадионот беше полн. Сега првенството е прекинато до 10 април, но тренинзите продолжуваат. Безумно“.

Дури и оној кој не блеска со памет, сфаќа дека бројот на нерегистрирани случаи (зарази) треба да е далеку поголем. Дури оваа недела ги затворија сите граници најмалку на две месеци“, пишува Хеведес во колумната објавена на 18 март.

Во Руската Федерација до 20 март напладне според официјалните податоци, регистрирани се 199 случаи на заразени лица од коронавирусот.

Претходно неделава и најдобриот фудбалер на руски Краснодар, Бразилецот Ари во интервју за бразилските медиуми исто така изразил сомневање во врска со бројката на заразени во Русија. Подоцна додал дека не го разбрале добро во преводот.

20 март 2020 - 14:25