Не сме свесни каква легенда имаме, цела Џузепе Меаца со овации го поздрави Пандев

2010-та станува се подалечна година, ама на Интер и навивачите им е како да беше вчера. 13 години подоцна, уште го пречекуваат со сите нишани. Е тоа е Горан Пандев.

Горан Пандев го следеше дуелот Интер - Лацио од трибините, а битката меѓу неговите два поранешни клубови ја доби домаќинот со 3:1.

Го пречекаа како права легенда која за само сезона и пол остави голем белег, одигра фантастични партии, пружи голема борбеност под палката на Мурињо и освои вкупно 6 трофеи меѓу кои историската тројна круна.

Најдобриот македонски фудбалер во историјата беше пречекан со аплаузи и овации од навивачите кои го скандираа неговото име, а клубот му подари врамен дрес со бројот со кој нстапуваше.

„Секогаш сум многу возбуден кога се враќам тука. Стадионот е прекрасен, а ова е дресот кој ми го оствари сонот да играм на големата сцена. Среќен сум што се наоѓам тука и се надевам дека ќе гледаме убав натпревар“.

30 април 2023 - 16:33