Навивачите на Феенорд повторно ќе мигрираат во Италија

Холандскиот состав кој во четврток ќе и го гостува на Рома во рамките на 16 финале од Лигата на Европа ќе има поддршка на Олимпико речиси како дома.

Второто по ранг клупско европско натпреварување не е баш за потценување. Тоа најдобро ќе ви го кажат навивачите на Феенорд кои за утрешниот гостински меч против Рома ќе бидат присутни во бројка од 5.000.

Феенорд последен пат го освои тогашниот Куп на УЕФА во 2002 година и од тогаш имаат пад во резултатите на европска сцена. Навивачите на Твитер со слики од плоштадот Дуомо, се потсетуваат на полуфиналето од таа година кога на гостувањето во Милано, го совладаа Интер со 0:1 и напишаа дека неделава ги очекува миграција во Рим.

„Навивачите од Ротердам, го поддржуваат ова натпреварување секоја година, а гостувања во голема бројка сме имаме и порано. Но никогаш како ова утре што ќе се случува во Рим“, изјави Рон Смит, претседател на Здружението на навивачи на Феенорд.

Со оглед на опасноста од инциденти, италијанската полиција ги извести холандските навивачи дека нема да смеат да користат јавен градски превоз и дека ќе има посебни автобуси кои ќе ги одведе до стадион. Така практикувале оваа сезона и во Лигата на шампионите, кога гостуваа Баерн Минхен и Манчестер Сити.

Групното гостување во голем број навивачи на Феенорд има долга традиција. Во 1963 година тие се собрале 1600 и преку Англија, патувале со брод до Португалија за полуфиналниот меч од Лигата на шампионите против Бенфика. Мал дел од другите примери се гостувањата против Вердер во 1994 година и Борусија Менхенгладбах во 1996-та.

Од нив има многу навивачки групи кои во уште поголема бројка практикуваат да одат на гостински мечеви, како што е примерот кога биле тие домаќини на 15.000 навивачи на Борусија Менхенгладбах пред 11 години.

За Феенорд навива детето со која е направена една легендарна фотка.

18 февруари 2015 - 15:45