Најмладиот стрелец во дербито на Манчестер

Новата сензација во англискиот фудбал, тинејџерот Маркус Решфорд стана најмладиот играч во историјата кој постигнал гол на дербито меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед. Со неговиот гол, Црвените ѓаволи поведоа 0:1 на Етихад. Решфорд е и првиот играч од Манчестер од 2010. година после Пол Сколс кој дал гол на ова градско дерби.