Најдолгиот пенал на светот изведен во Чиле

На 15 октомври во 15. коло од чилеанската Прва дивизија играле Курико Унидо и Универзидад Католика. На стадионот во еден момент избил пожар и снемало струја, па мечот се прекинал во 49 минута.

Дуелот Курико Унидо - Универзидад Католика би можел да влезе во Гинисовата книга на рекорди. Поради недостиг на електрична енергија, дуелот игран на 15 октомври бил прекинат при резултат 2:0 за Курико (два гола од пенал) и во моментот кога е досуден единаестерец за гостинот:

Натпреварот бил прекинат и одложен за 11 ноември.

Ама циркузот да биде поголем, човекот кој требал да го изведе пеналот, Сезар Пињарес во меѓувреме направил трансфер во Гремио па фудбалскиот сојуз на Чиле требал да регистрира екстра замена за Универзидад Католика.

Кога мечот се доигрувал, пеналот требал да се повтори дури 3 пати зошто голманот на Курико 2 пати го одбранил но излегувал надвор од линијата. Од третиот обид Фернандо Ѕампедри постигнал гол за 2:1.

Во 90'+1 минута нов пенал за домаќинот за 3:1, а гостите во 90'+6 ги поставиле конечните 3:2. Вкупно биле досудени 4 пенали!

За изведување на фамозниот пенал од првиот натпревар биле потребни 653 часа и 56 минути (првиот требал да се шутира на 15 октомври во 22:09 часот), а гол од пенал паднал на 11 ноември во 16:05 часот.

12 ноември 2020 - 10:35