Најдобриот шутер на планетава е од Ј.Африка и нејќеш да му браниш од далеку

Секоја чест на тоа што ни го оставија на Јутјуб Жунињо, Роналдо, Хулк и други такви ликови со катапулт ударци, ама ние му се поклонуваме на професор доктор Хломпо Кекана кој треба да држи часови по предметот „Како се шутира јако од далеку“.

Кекана е 35 годишен фудбалер со 24 настапи за Јужна Африка и има 16 години стаж во ова првенство. Гледачите едвај чекаат да фати топка на 40-50 метри.

Тоа е полето каде игра и царува и од каде дава голови, ама неговите се премалку да ги крстиме голчишта, затоа што се единствени и уникатни. Ако некои проектили може да се наречат топовски тоа се дефинитивно неговите.

Еднаш му даде гол на Камерун од пола терен и тој беше номиниран за Пушкаш наградата во 2016-та. Заврши петти. Но тој гол не е ништо во споредба со тоа што ќе го видите сега.

Нисколигашот Поверлајнс во една сезона имаше тотално несреќна ждрепка во 16 финалето од Купот на Африка, затоа што му се падна Мамелоди Сандаунс, најдобриот тим во оваа земја каде Кекана е член од 2011-та.

Што е со оваа средба? Епа заврши 24:0, а Кекана даде 7 комада. Нема што повеќе да се пишува или зборува за него, туку само треба да се гледа на што е способен. Неговите голови од далеку треба да бидает предмет на научно истражување.

Како шутира? Со кој дел од копачката? Кој број му се? И дали во прашање е сила или тука има и техника.

Пазете сега

И пазете пак. 

Од оваа компилација погледнете му го самиот првиот гол од слободен удар. Да се изначуди човек.

Што ви викаме дека слаб е овој против Камерун во однос на горните три.

23 октомври 2020 - 13:23