Најдобриот пеналџија на светот брани за Валенсија

Кога еден голман ќе одбрани 19 пенали од 41 меѓу кои и оние изведени од Меси, Кристијано Роналдо, Гризман, Диего Коста и Фалкао тоа значи дека се работи за најдобриот пеналџија на светот во моментов. Попладнево Валенсија загуби 0:2 од Атлетико Мадрид, но јунак на средбата беше Бразилскиот голман Диего Алвеш кој фати два пенали.

Првиот пенал му го одбрани на Гризман во финишот на првиот дел:

А потоа во 68. минута му фати пенал и на капитенот Габи кој до денес имаше 6/6 пенали во кариерата:

Бразилскиот репрезентативен голман минатиот викенд го одбрани 17-от пенал во Шпанија и го сруши претходниот рекорд на легендарниот Зубизарета.