На Чиро изгледа многу му фуфка од летање

Франчесто Ачерби му го откри стравот на италијанскиот напаѓач. Некои мислеа дека заспал, а тој уствари се плашел, особено на турбуленции. Инаку игра во страшна форма.

На враќање од Милано, каде Лацио на гости го совлада Милан и конечно ја прекина малерозната серија без гостински триумф од 30 години во првенство, Ачерби го реметеше Имобиле. Прво го праша како си, да не ти треба помош, а потоа овој му се доближи и од страв го држеше за нога.

Инаку Имобиле сезонава прави растур систем и е прв стрелец во Серија А со 13 погодоци на 11 меча. Лукаку е втор со 9. Практично само еден напаѓач во Европа е пред Имобиле со голови, а тоа е Левандовски кој во Бундеслига има 14.

Италијанскиот репрезентативец на Сан Сиро стигна до јубилејна бројка од 100 комада за римскиот клуб и е единствен активен фудбалер на топ 10 листата на најдобри стрелци на Лацио, каде се наоѓа и Пандев. Со ова темпо на голови за брзо време ќе го мине и Роки.

Она што фасцинира кај Чиро е неговиот процент на реализација. 100-те гола ги постигна на 147 средби, а доколку погоди и следното коло според брзината ќе се израмни со Хернан Креспо.

Ова е листата на најдобри стрелци во Серија А по 200 одиграни меча:

1. Андриј Шевченко 123 гола

2. Гонзало Игуаин и Дави Трезеге 119

3. Мауро Икарди 117

4. Хернан Креспо 113

5. Винченсо Монтела 113

6. Чиро Имобиле 112 гола на 199 меча.

Нема, куче е во шеснаесетник, он ја извади Италија на Градски со два гола, инаку може ќе направевме сензација.

Плус дете од убава фамилија е.

5 ноември 2019 - 13:24