Таг: чиро имобиле

Шансата на Имобиле која ќе го сменеше мечот во Минхен

Во скоро цело прво полувреме Лацио добро го бранеше минималното водство од првиот дуел во Рим, а во 37 минута пред да ги прими двата гола, имаа и голема шанса по која ќе беше многу понеизвесно и повозбудливо ако ја реализираа. Ја промаши Чиро Имобиле, најдобриот стрелец во историјата на клубот со 206 гола, кој оваа сезона игра под нивото. 

Малку италијански солзи

Во 2016-та водевме 2:1 дома и едвај нè победија, па им одигравме 1:1 во Торино. Лани Трајковски ги потепа, а викендов Барди ги дотепа. Не може да се откачат од нас. Погледнете ги колку се гневни.

Кога ќе дознаеш дека можеш дебело да кешираш арапски милиони и за Имобиле

20 години ги лаже навивачите на Лацио за трансфери, функционира со познатото „Ќе биде“ и ниту еднаш не изгради шампионски тим. Со еден збор шабанарија од човек и еден од најконтроверзните циркузанти меѓу претседателите во Серија А. Во еден месец како е отворен трансфер пазарот купи само еден играч, а во ЛШ се пласираа. Е ова е Клаудио Лотито: Игротека.

Сообраќајќа на Имобиле со трамвај

Италијанскиот репрезентативец и напаѓач на Лацио утрово се судрил со трамвај кој поминал на црвено. Жртви нема, но Чиро има скршено ребро.

Кога идолот ќе те изненади од зад грб

Чиро Имобиле му прави изненадување на девојче кое според реакцијата, сигурно повеќе би избрала средба со него отколку да ги има најубавите 100 барбики на светот. Девојчето се блокираше и почна срце да и лупа од возбуда. Каков момент.

УЕФА потсеќа на еден дуел Столе vs Чиро

Бадијала толку имиња во таборот на италијанската репрезентација, кога никој не можеше да ни даде гол. Чиро Имобиле ја освои Златната копачка и стана најдобар стрелец во историјата на Лацио, ама не можеше да излезе на крај со Димитриевски.

Триото кое ја однесе Пескара во Серија А, од второлигашки фудбал стигна до шампионска слава

Сите тројца ја почувствуваа жестината со која се водат битки да се стане прволигаш. Се искалија со мангуп тренер, направија одлични трансфери, станаа протагонисти и стигнаа до ниво да ги елиминираат Белгија, Шпанија и Англија.

Чиро го крена Инсиње во раце за да го дофати Донарума

Како беше она кога ќе се вратиш од бербер? Пролет, лето, есен, зима. Џиџо се средил за вечерашното полуфинале, па го маваа од позади, а најјако беше кога Имобиле му помагаше на Инсиње. Инаку напаѓачот на Наполи е 8 години постар од голманот на Милан, ама 33см понизок. 163см има Лоренцо, а Донарума е висок 196см.

Италијанска глума на вечерта

Под водство на Роберто Манчини, Италија игра неверојатно и е во серија од 32 меча без пораз. Ја совладаа Белгија, прва селекција на ФИФА ранг листата, ама не можеа да не фрлат малку италијански зачин. Чиро Имобиле глуми повреда па слави гол во неколку секунди.

Чиро Имобиле за 20 дена има 7 негативни и 5 позитивни тестови

Во 2019/2020 сакаш да си Имобиле, фаца број 1 во Италија и Европа со 36 првенствени гола. Во 2020/2021 нејќеш да си Имобиле, бидејќи повеќе е во лаборатории, отколку на терен. Ковид 19 годинава дефинитивно е ретардирана појава број 1 на планетава.

Лотито го прогласи вирусот за умрено

Претседателот на Лацио дефинитивно може да се смета за Доналд Трамп меѓу претседателите на фудбалски клубови. Веќе неколку дена е карамкаша со тестовите во римскиот клуб.

Случајот со Имобиле ја покажува целата конфузија: негативен во Серија А, позитивен за УЕФА

Пази ова: според правилата на Серија А Чиро Имобиле е здрав, негативен на тест и може да игра. Според правилата на УЕФА е болен и не може да игра еврокупови. Кој кого овде?

Како може царов да нема милион прегледи?

Ликов направил врвна импровизација и компилација на познати фудбалери со кои препеал песна која ја крстил Имобиле. Ни легна од прва и некако убедени сме дека е појак од оригиналот кој го немаме ни слушано. Прејако звучи и ептен со душа. Пет пати ја чувме од сабајле.

Роналдо го урна Лацио и урна неколку неверојатни рекорди

Благодарение на Кристијано Роналдо кој со два гола му се одмазди на Лацио кој победуваше на претходните два дуели, Јувентус сега има +8 на 4 кола до крајот.

Незапирливиот Имобиле со ова темпо на голови би бил прв стрелец во 79 сезони од 87

На секој меч во просек дава по еден гол, но следно коло ќе го пропушти Милан поради картони. Му бега со 5 комада на Роналдо во Серија А, а има 5 помалку од Левандовски во трката за Златна копачка. Кои се напаѓачите кои има реални шанси да ги мине во Италија и да стане прв во историјата?

Најдобриот стрелец во Серија А има бавча, ама избрза со берба на доматот

Уште ова го немавме видено додека беа во карантин. Чиро Имобиле држи разновидна бавча во која има помош од жена му Џесика, ама со исклучок на тој големиот патлиџан печен за салата, другиве уште како зеленки ни стојат а?

Чиро ти чистиш и готвиш по дома?

Голгетерот на Лацио не води само на листата на стрелци во Серија А, туку и дома ги води работите во кујна. Ама затоа кога жена му ќе му влезе на сред Плејстејшн, не смее да писне.

Специјална роденденска честитка за стрелецот број 1 во Европа

Лацио сезонава се однесува слично како Лестер пред некоја година, а Имобиле како Варди. Велат дека клучот на нивниот успех од 19 послeдователни меча без пораз е заедништвото и дека функционираат како фамилија.

Чиро бе што стори?

Заборавете на Меси, Роналдо, Мбапе, Нејмар и останатите на кои прво нешто во глава им е да постигнаt гол. Кралот во напад сезонава е напаѓачот на Италија кој денеска го однесе Лацио на второ место.

Случајно стана тренер на прв тим, па од нигде никаде почна да прави чуда

Среќата треба да се заслужи - фраза која што најдобро го опишува младиот тренер кој покажа колку знае и кој допрва ќе демонстрира тактички вештини. А буквално преку ноќ седна на клупата на Лацио и сега е еден од најтрофејните тренери на овој клуб во историјата.

Каков Роналдо, гледајте го Чиро

Најдобриот егзекутор во Серија А е типичен пример како за секој човек има место, само треба да си го најде. А Чиро го најде на стадионот „Олимпико“ каде за некое време би можел да стане прв стрелец на вечната листа.

Молба до најдобриот стрелец во Серија А од фанатик на Фантази

Дечкото поштено си праша: Чиро може ли да даваш помалку голови, бидејќи си ми противник на Фантази? А овој поштено му одговори: Жал ми е, ама не смеам да ги разочарам тренерите.

На Чиро изгледа многу му фуфка од летање

Франчесто Ачерби му го откри стравот на италијанскиот напаѓач. Некои мислеа дека заспал, а тој уствари се плашел, особено на турбуленции. Инаку игра во страшна форма.

Абе каков Конте, оди фудбал да гледаш

Го имаме победникот на денот. Краљот кој не изнасмеа за сите пари. Плус добар прогнозер е.