Таг: чиро имобиле

Добро де Чиро, дрес да не можеш да соблечеш

Еден од најдобрите натпревари минатиот викенд беше Лацио - Аталанта. Бергамашите имаа 0-3 на полувреме, а домаќинот се врати на 3:3 со два гола од пенал на Чиро Имобиле. Израмни во 90+3’ минута а од радост не можеше дресот да го соблече во трк.

Девојките на фудбалерите живот живеат

Стартот на нивното “макотрпно работно“ лето сака да ви го најави жена му на Чиро Имобиле (лево на видеото) со уште две другарки кои веројатно се или ќе станат партнерки на некој колега на Чиро. Одиме со хајлајтс од 24 секунди за кој ќе ви биде криво што не трае едно 10 пати повеќе.

Сите 34 гола на Имобиле оваа сезона

Икарди, Дибала, Мертенс, Игуаин, Џеко. Најквалитетните голгетери во Серија А не можат сезонава со гол машината на Лацио кој руши рекорди и го држи тронот со 24 гола. Во Европа е петти стрелец на сите натпреварувања со 34 комада и само три гола зад Кристијано Роналдо.

Голот на сезоната во Серија А

Гол со ножички е веќе видено и досадно. Одамна не паднал некој со шкорпион удар, кој е еден вид белег на Ибрахимовиќ. Овој пат му успеа на Чиро Имобиле и тоа во 95-та минута против Каљари на гости.

Ристовски оди понатаму со Спортинг, Лацио ја демолираше Стеауа

По убедливиот триумф на гости против Астана, Спортинг Лисабон вечерва ремизираше 3:3 против тимот од Казахстан и оди во осминафиналето на Лига Европа. Нашиот репрезентативец одигра одлични 90 минути.

Шестмината ѕвезди од Серија А кои од маалски фудбал стигнале до ЛШ и ЛЕ

УЕФА интервјуираше шестмина славни фудбалски имиња, по еден од секој италијански тим кој сезонава е дел од европските натпреварувања. Не им било на сите лесно на почеток. Некој можел да заглави во лошо друштво, а друг воопшто да не заигра поради висината.

„Мојата диплома е дресот во кој дадов четири гола во Лига на шамиони“

Најпријатното изненадување во европскиот фудбал последниве месеци е тренерот на Лацио, помладиот од браќата Инзаги којшто прави чуда со Римјаните.

Чиро Имобиле прв стрелец во Серија А - во што е тајната?

Колку е необично да се набљудува како 90-милиони платениот Гонзало Игуаин не минува низ својот најдобар момент, а во исто време Чиро Имобиле кој Јувентус го продаде пред 3 години за 9,5 милиони евра (половина од правата на договорот) се изнадава голови.

Шестмината величествени кои не ги оставаат на мира голманите во Серија А

Тешко дека некој од нив ќе ја освои Златната копачка, но затоа привлекоа внимание, си набија цена, претставуваат страв и трепет, а сигурно ќе добијат и солидни бонуси за сработеното вака за пред летен одмор.

Најкликаното видео по римското дерби

Кога Чиро Имобиле доби топка од Милинковиќ Савиќ и излезе сам пред голман во напад трчаа двајца напаѓачи, едниот со топка кон гол, а другиот поради професионална деформација. Колку само симпатично изгледа ситуацијата, да ти дојде да му ја подадеш.

Инсиње и Имобиле го учат Флоренци неаполетански дијалект

Италијанските фудбалери во добра атмосфера го чекаат дуелот против Германија во четвртфиналето. Доказ за тоа е и видеото снимено во нивната база а на кое Неаполитанците Лоренцо Инсиње и Чиро Имобиле му читаат на Римјанинот Флоренци поговорки на нивниот дијалект, а овој мора да погодува.

Ѕвездите од втора лига стигнаа до Бразил

Пред две години беа дел од екипата на Пескара која по дури 20 години ја однесоа во Серија А. Потоа се разделија и направија трансфери како од соништата, а сега селекторот Прандели повторно ги спои и ги стави на списокот на италијанската репрезентација.

Роналдо зад голгетерот на Торино

Градскиот ривал кој е во сенка на Јувентус оваа сезона има со што да се гордее, а тоа е Чиро Имобиле кој импресионира со неговите бројки.

Позајмувањето на играчи не е долгорочно решение

Доказ за тоа е екипата на Пескара која од врвот во втората италијанска лига стигна до Серија А, но веднаш падна на дното и се врати во второлигашкото друштво. Стратегијата која ја направија челниците на клубот за да направат кам бек во прва лига по 20 години, им падна во вода.