Гужва во наполитанското катче на Марадона, се појави Мурињо

Гостувањето на Рома на стадионот Диего Марадона, португалскиот стратег го искористи да и оддаде почит на фудбалската легенда која има посебен статус во овој град.

Опкружен со навивачи и полиција, Жозе Мурињо се проби до местото во Неапол каде се е во знакот на Марадона, за да положи цвеќе.

Се работи за локација каде секој може да му оддаде почит на Марадона и каде по смртта во негова чест е изработен голем мурал на ѕидот.

Марадона почина на 25 ноември 2020-та од срцев удар на 60 годишна возраст и има статус на икона во Неапол, каде веднаш беше преименуван стадионот во негова чест.

Тој го освои Купот на УЕФА и им донесе две Скудета, а во дресот на Наполи во периодот 1984 – 1991 постигна 115 гола.

Во Неапол до толку лудуваа по него, што смртта ги погоди исто како во неговата родна Аргентина.

Жозе се восхитуваше од ова познато катче во Неапол, а беше и поздравен од навивачите за гестот што дошол да го посети.

18 април 2022 - 09:18