Мртва трка во Шпанија и Франција, вкупно 7 екипи за две титули

Што е, насловот да не ве збуни? Кога ќе ја погледнете табелата во двете првенства кои ви ги посочуваме, ќе ви стане јасно каква брканица е. Плус има и други занимливи ситуации, како на пример Ливерпул може многу лесно да извиси од ЛШ, исто и Борусија Дортмунд, а и Јуве не се сигурен.

ЛА ЛИГА

Ќе почнеме од шпанскиот шампионат каде искрено не паметиме кога последен пат имало вакво сценарио во битката за титулата. Монополот обично го држат Барса и Реал, но сега внимавајте добро. ЧЕТИРИ екипи се борат за тронот. Атлетико 73, Реал 71, Барселона 71, Севиља 70. Екипи кои инаку се сигурни патници во ЛШ.

Каква драма. Со тоа што Барса има натпревар помалку кој ако го добие е прва на табела. За нив математиката е јасна, со 6 од 6 се шампиони. Но на ниту една од екипите не им воопшто лагодно до крај, затоа што сите имаат тешки мечеви.

Работите веројатно ќе станат јасни кога ќе се види исходот од директните дуели Барселона – Атлетико и Реал Мадрид – Севиља. Вака изгледа распоредот:

АТЛЕТИКО МАДРИД: Елче (гости), Барселона (гости), Реал Сосиедад (дома), Осасуна (дома), Реал Ваљадолид (гости)

РЕАЛ МАДРИД: Осасуна (дома), Севиља (дома), Гранада (гости), Атлетик Билбао (гости), Виљареал (дома)

БАРСЕЛОНА: Гранада (дома), Валенсија (гости), Атлетико Мадрид (дома), Леванте (гости), Селта (дома) Еибар (гости)

СЕВИЉА: Атлетик Билбао (дома), Реал Мадрид (гости), Валенсија (дома), Виљареал (гости), Алавес (дома).

ЛИГА 1

Неизвесноста оваа сезона се зголеми многу и во Франција каде постојат големи шанси да прекине доминацијата на ПСЖ кој освојува 7 титули во последните 8 сезони. Најсериозен кандидат за тоа е Лил кој синоќа направи дрзок пресврт на гостувањето против Лион од 2:0 на 2:3.

Инаку и тие ќе беа во трка за титула, а вака имаат само теоретски шанси. Во Лига 1 има уште четири кола до крај и ниту еден меѓусебен дуел меѓу Лил, ПСЖ и Монако. Што значи ги победи ли ЛИЛ сите четири натпревари до крај, матерматички ја има титулата.

ЛИЛ: Ница (дома), Ленс (гости), Сент Етјен (дома), Анжер (гости)

ПСЖ: Ленс (дома), Рен (гости), Реимс (дома), Брест (гости)

МОНАКО: Лион (дома), Реимс (гости), Рен (дома), Ленс (гости)

Во останатите три првенства работите за титулата се скоро јасни.

БУНДЕСЛИГА

Баерн Минхен на три кола до крај има +7 од Лајпциг, што значи доколку следно коло ја совлада Борусија Менхенгладбах дома, ќе слави титула. Неизвесна е трката за ЛШ, бидејќи за 3-то и 4-то место конкурираат три екипи.

ПРЕМИЕР ЛИГА

Неизвесност за титулата нема и во Премиер лигата каде Манчестер Јунајтед на 5 кола до крај има +10 од градскиот ривал.

Тука внимавајте добро колку високо котираат Лестер и Вест Хем, а каде се Ливерпул и Тотенхем, екипи кои играа финале во ЛШ пред две години. Ако продолжат со променливата форма може да останат и беа Лига Европа.

Каква сезона во Англија, разликата меѓу третиот и осмиот е само 7 бода и кој знае што ќе биде на крај.

СЕРИЈА А

Во Италија конечно се најде јунак кој ќе ја прекине доминацијата на Јуве кој рекордни 9 години во низа не го даваше тронот. Само прашање на денови е кога Интер ќе го освои Скудетото, но затоа е нејасно е прашањето кои четири екипи ќе играат во ЛШ?

Аталанта викендов се израмни со Милан, а Јуве се врати со само бод од Фиренца. Ако Наполи вечерва слави на гости против Торино ќе се израмни со Старата Дама и тек тогаш ќе биде драмата уште поголема.

Шанси за ЛШ има и шестопласираниот Лацио кој може да се вмеша во хаосот ако вечерва го совлада Милан и ја добие одложената средба против Торино дома.

26 април 2021 - 14:23