Монако со ужасно несреќен автогол се елиминираше од ЛШ

Рубен Агилар тешко дека успеал да заспие синоќа после оваа случка на реванш плејофот за ЛШ меѓу Шахтјор и Монако. Во обид да скрати додавање, ни крив ни должен си ја закопа во гол и тоа во 114-та минута.

Инаку Монако “настрада“ поради новитетот на УЕФА, која неодамна одлучи да го укине правилото „гол на гости“. По старо, Французите ќе беа во групната фаза бидејќи славеа 1:2 после поразот од Шахтјор од 1:0.

26 август 2021 - 08:05