Таг: монако

Што кош ќе беше ова?

Асвел загуби од Монако 87:77 во француското дерби од Евролигата, но потегот на вечерта го има, играчот на поразениот тим Нандо де Коло кој успеа да постигне дури 4 поени во една акција. Тројка плус слободно фрлање. Не паметиме вакво нешто во Евролигата, па ниту во НБА.

19 годишник му даде лудорија од гол на Монако

Монако славеше 2:1 против Мец во 9. коло од Лига 1, а првиот гол на средбата го дадоа гостите преку младиот Ламиен Камара, кој импресионираше со страшен лоб од преку 50 метри.

Монако со ужасно несреќен автогол се елиминираше од ЛШ

Рубен Агилар тешко дека успеал да заспие синоќа после оваа случка на реванш плејофот за ЛШ меѓу Шахтјор и Монако. Во обид да скрати додавање, ни крив ни должен си ја закопа во гол и тоа во 114-та минута.

Воланд мајсторе, како ти успеа ова?

Монако синоќа славеше 1:5 против четвртолигаш и обезбеди пласман во финалето на Купот на Франција. Кевин Воланд не беше меѓу стрелците. Имаше голем проблем со нишанот.

Луис Кампос - Најпознатиот ловец на таленти кој е повеќе во авион отколку на земја

Човекот кој може да работи буквално сè во еден клуб: од тренер до фитнес-инструктор и скаут, направи првокласни чуда. Од непознати играчи створи ѕвезди кои подоцна им донесоа стотици милиони на клубовите.

Монако испука топ од слободен удар

Монако ја совлада Ница со 2:1, а голот за победа го постигна Висам Бен Једер кој изведе топовски удар. Тројца играчи учествуваа во измамата на која наседнаа живиот ѕид и голманот, а мрежата ќе оди на шиење.

Лудило во соблекувалната на Монако и кусо обраќање на Ковач

Фудбалерите на Монако се изборија за сензационален пресврт против актуелниот првак на Франција кој го добија со 3:2 откако губеа 0:2 на полувреме. На двата гола на Мбапе со иста мера врати Воланд, а точка на мечот стави Фабрегас од пенал во 84-та минута. Збудалеа од радост.

Точно 17 години поминаа од Монако - Депортиво 8:3 со Дадо Пршо

Еврокуповите се врхунски турнири особено кога во една сезона некој аутсајдер ќе дотурка најдалеку од сите и ќе направи сензација. Таква беше приказната со луцидните Монако и Депортиво Ла Коруња.

Момци, не е ова ластик со девојчињата во маало

Роберт Морено седна на клупата на Монако на местото на Леонардо Жардим, а првиот тренинг му беше смешки. Двајца играчи на францускиот прволигаш не знаеа како се тренира со еластична гума за растегнување па ги учеше како во градинка.

Дрзок дриблинг на Теодосиќ

Болоња се израдува на нов триумф во Еврокупот, на гости против Монако 72:81. Милош Теодосиќ постигна 25 коша, имаше 3 скока и 2 асистенции. Плус играч на мечот со потег на мечот.

Не ти Бакајоко, Кеита треба да излезе

Тимуе Бакајоко од Монако ја изнасмеа викендов цела Франција, а и пошироко. Монако прави измена и го вади од игра играчот со број 14 Кеита Балде. Но за измена се јави Бакајоко со број 6 кој претходно ја носеше 14-та и уште не е навикнат на новиот број. Си се изнасмеа самиот на грешката.

Да де, сега ВАР ти е крив што си дикле

Десниот бек на Монако, Рубен Агилар откако доби црвен картон во 90+2’ минута од мечот Сент Етјен - Монако, реши бесот да го искали на ВАР техниката.

Како Патрис Евра потпишал со Манчестер благодарение на пилешко месо

Еден од најдобрите француски леви бекови на сите времиња, Патрис Евра во вторник објави дека ја завршува својата богата фудбалска кариера, а неговото име е поврзано со многу дешавки.

Офсајд лик: Сеск Фабрегас

Се најдоа двајца другари од порано, со добронамерна цел да го спасат клубот од очај по барање на едниот. Арно ама овој што побара помош го набркаа бидејќи губеше од кој стигне, а другиот се заеба и стана Офсајд лик на неделата.

Голманот на Монако е херој со три одбранети и еден постигнат пенал

По бедните резултати во домашното првенство и грчевитата битка за опстанок, на Тиери Анри конечно да му тргне нешто од рака. Неговиот тим се пласираше во полуфиналето од Лига Купот благодарение на едно лудо младо голманче.

Тиери Анри изгубил 9 од последните 12 средби како тренер на Монако

По одличното искуство со репрезентацијата на Белгија каде му беше помошник на селекторот Мартинез, Анри реши да тргне самостојно и да води клуб како главен тренер. Ама не се станува тренер баш така лесно.

Најјакиот скаут во Европа кој ги открил Модриќ, Мбапе, Шкриниар и Икарди

Откако стигнал до врвот и бил главен оперативец на Монако, Тотенхем и Сампдорија, сите мислеле дека Роберто Печини ќе оди во некој од гигантите, но тој се решава за скромен живот и ги шокира сите со одлуката да стане шеф на скаут служба во едно мало симпатично клупче.

И Монако има свој Столе

Тјери Анри имаше неславно тренерско деби на кое неговиот Монако загуби од Стразбур со 2:1. За 22 годишниот Сенегалец Сејду Су ова требаше да биде само лесна тренинг топка, а не несмасна реакција како прв пат да брани во живот.

Газдите на кои не им е доста еден клуб

Зошто да имам клуб во Премиер лигата кога можам и во Сараево или што ќе ми еден или два Ред Була кога можам да имам пет. Главната цел на милијардерите не е да го развијат фудбалот, туку да им пораснат милијардите. Сегде би вложиле, само да им се врати дупло. Што, да не не е така?

Бербатов ги коментираше своите најдраги голови

Легендарниот бугарски центарфор кој се изнадава голови за Баер Леверкузен, Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Фулам, Монако и ПАОК, сега во едно интересно издание на УЕФА ги анализира своите погодоци.

Најтивкото засилување на Ливерпул кој еднаш играл и за Реал Мадрид

За 24-годишниот Бразилец Фабињо кој летово дојде во Ливерпул, јавноста не знае многу, а неговиот фудбалски пат е прилично интересен.

Тешката судбина на хрватскиот голман Данијел Субашиќ

Меѓу бројните животни приказни на дел од хрватските фудбалери, онаа на нивниот голман кој им го трасираше патот до финалето на Светското првенство, можеби е најболна.