Молитвата на Муслиманите на Енфилд Роуд

Ливерпул соопшти дека ќе превземе акција против навивачот кој постираше слика од двајца Муслимани кои се молат во подрумот на Енфилд Роуд и напиша дека тоа било срамота.

Сликата, твитната од Стефан Дод ги покажува Асиф Боди и Абубакар Була како се молат во долниот дел од стадионот Енфилд Роуд за време на еден натпревар. Дод ја постирал сликата со натпис „Муслимани се молеа на полувремето од вчерашниот меч“ со хаштаг #DISGRACE (#СРАМОТА).

Ливерпул се огласи преку соопштение во кое наведува дека нема да толерира никаква дискриминација и дека клубот ќе превземе акција против човекот кој ја објавил сликата со таков натпис.

Твитот стигнал и до полицијата, која после истрагата утврдила дека нема криминално дело и дека остава самиот клуб да ја реши ситуацијата. Не е познато дали Дод има сезонска карта, но во секој случај во иднина нема да има право да го гледа Ливерпул во живо.

Муслиманот Асиф Боди е адвокат по професија и вели дека ова не му било прв пат да се моли за време на натпревар.

„Одзема само неколку минути и овој пат се молевме за време на полувремето. Имаме мал прозор на кој се молиме, но тогаш беше затворен, така што се молевме на полувремето. Што се однесува до момчето, не би сакал да биде суспендиран или да добие забрана за присуство на стадионот“, изјавил Асиф Боди, кој тврди дека 40 години го гледа Ливерпул.

Сличен настан имаше и во 2013 година кога група навивачи на Вест Хем беа обвинети дека малтретирале навивачи кои се молеле на главата станица кај стадионот Аптон Парк за време на натпревар.

17 април 2015 - 11:53