Меси ниту сме ние мајмуни, ниту ова е зоолошка

Политичката опозиција во Габон го обвини Аргентинецот дека не покажал доволно почит за стандардите и принципите на оваа земја, чијшто претседател на Меси му дал 3,5 милиони евра да дојде во посета. Лионел негира дека добил пари.

Лионел Меси во Габон стигнал на почетокот од оваа недела, а во земјата од централна Африка ќе престојува пет дена. Во Габон, Меси се сретнал со претседателот Али Бонго Ондимбо, но тоа го направил во кратки шорцеви, маица и патики, по што го критикува опозицијата од Габон. Аргентинецот остави траги од рацете на местото каде ќе се игра Африканскиот Куп на нации во 2017. година.

„Фудбалскиот Месија дојде во Габон како да оди во зоолошка градина, неизбричен и со рацете во џебови додека бараше кикирики кои би ги фрлал", велат од партијата Народна унија на Габон.

Франс фудбал прв објави дека на Аргентинецот му е платено 3,5 милиони евра за посетата која што наводно ја организирал Самуел Ето. Од друга страна, Меси остро ги негираше таквите информации и ја замоли редакцијата на Франс фудбал да ја исправи грешката и да напише дека тој не примил никаква надомест за посетата.

„Габон не е зоолошка градина. Ние не знаеме зошто Аргентинецот дојде во Габон, но имаме барем право да ја осудиме неговата негрижа и недостаток на непочитување. Непријатно ни е поради ставот на Меси со раце во џеб и облеката", констатираат во соопштението од партијата УНГ.

Меси додаде и дека го посетил Габон од почитување кон Алехандро Ечеверија и Хаиме Ферер, поранешни директори на Барселона кои сега се водечки луѓе во фудбалскиот сојуз на Габон.

На четирикратниот добитник на Златната топка му се замерува што му дал поддршка на Бонго, контроверзниот лидер на Габон кој е обвинет за местење избори и кршење на човековите права. Меси подоцна бил гостин и во еден од рестораните на претседателот кој изјави:

„Кога бев во Барселона пред неколку години, се сретнав со Меси кој ми кажа дека ќе дојде во Либрвил. Ми вети, а тој е чесен човек кој си стои на зборот", констатираше Бонго.

22 јули 2015 - 14:30