Марадона ја водеше екипата со кралска фотелја крај теренот, го пречекаа како Бог

Диего Марадона е тренер на Химнасија Ла Плата, тим кој синоќа му гостуваше на Њуелз во аргентинската Супер лига. Диего на времето одиграл само 5 меча за Њуелз, ама го пречекаа како Тутанкамон уште кога влезе во градот.

Роденденот на Марадона во Аргентина е голем ден, скоро уште да го прогласат за државен празник.

Диего од почетокот на септември дојде да работи во татковината - ја тренира Химнасија од Ла Плата. Иако не е баш најуспешен (веќе има 4 порази на 6 меча и тимот е на претпоследно место), на гостувањето кај Њуелс помина многу весело.

Прво го пречекаа во градот, па пред хотелот му пееа песни. Добил и торта за неговиот 59-ти роденден (денес, на 30-ти).

Њуелз Олд Бојс е клуб во кој кариерата не ја почнал само вонземјанинот Меси, туку за овој тим во финишот на својата кариера 5 меча одиграл и Марадона.

Њуелз е од Росарио, градот во кој е роден Меси и во кој во 1998 година основале Црква Марадона - религија која му се поклонува на Диего. Една од заповедите на оваа црква е секој верник своето машко дете да го крсти Диего.

Кога легендата дојде со Химнасија Ла Плата во Росарио, го пречекале пред хотелот:

Не остана по страна ниту клубот Њуелз, кој на Марадона му подари специјален дрес: розова боја со бројот 10 и натпис D1OS (Dios е бог на шпански, а D10S еден од симболите на црквата Марадона). На грбот стоел и натпис La Tota - така ја викале мајка му на Диего кој не можел да ги сопре солзите од возбуда.

И покрај тоа што од клупата водеше нивен голем ривал, Химнасија Ла Плата, навивачите на Њуелз го скандираа неговото име.

Пред мечот домаќинот кај клупата за гостите му ставил кралски трон па Диего седеше во кралската фотелја во капче со ликот на Уго Чавес. Изненадување на вечерта беше тотално неочекуваниот триумф на Химнасија Ла Плата од 0:4. Њуелз е шести на табелата, а Химнасија дури 23-та (претпоследни).